Езекиел Вовед - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (66 книги)(MK2006)

ВоведЕзекиел бил и пророк и свештеник во ерусалимскиот храм. Кога Навуходоносор го освоил Ерусалим во 597 година пр. Христос и одвел голем број Јудејци во ропство во Вавилон, меѓу иселените бил и Езекиел. Господ го повикал пророкот да биде Божји гласник не само за иселениците во Вавилон, туку и за оние кои останале во Ерусалим. Пророчката служба на Езекиел траела од 593 година до 570 година пр. Христос. Бидејќи тоа го опфаќа периодот пред паѓањето на Ерусалим (586 година пр. Христос), и неколку години потоа, некои од пораките на Езекиел се предупредување за страшната катастрофа што ќе следи, а некои се полни со надеж за подобра иднина, по падот на Ерусалим. Кога Господ му ги пренесува Своите пораки на Езекиел, Тој му се обраќа со изразот „Сине човечки“, израз кој многу често се среќава во оваа книга.Книгата на пророкот Езекиел би можела да се подели на пет дела. (1) Видението на Езекиел во кое ја видел славата Господова и бил повикан за пророк (1–3); (2) Предупредување до народот дека Господ ќе го казни застранувањето од Божјиот пат (4–24); (3) Божјата казна врз околните народи (25–32); (4) Пораки на надеж, по падот на Ерусалим (33–39); (5) Видението што го видел Езекиел за нов храм во Ерусалим (40–48).
Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help