2 Самоилова Вовед - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (66 книги)(MK2006)

ВоведОваа и претходната книга извор­но сочинувале едно дело. Во сегаш­ната поделба на два дела Втората книга Самоилова го прикажува ца­рувањето на Давид.Книгата започнува со погребното тажење што го објавува Давид кога дознава за смртта на Саул и на не­говиот син Јонатан, а веднаш потоа следи соопштението за поставувањето на Давид за цар над племето на Јуда (1–4). Еден од синовите на Саул, Ишбошет, еден кус период владее над племињата на север. По неговата смрт, овие племиња се приклонуваат кон Давид и го признаваат за цар. И така Давид оттогаш ќе владее над сите дванаесет племиња (5–20). Во последните че­тири глави од оваа книга (21–24) внесени се неколку различни епизоди, кои се однесуваат на царувањето на Давид, но кои не се спомнуваат во претходните глави.Во оваа книга, царот Давид ни е претставен сосема непристрасно. Втората книга Самоилова го пока­жува неговото величие и моќ, но не ги прикрива ни неговите слабости, ниту ги премолчува трагичните настани кои го помрачуваат животот на неговото семејство.Давид пред нас се појавува во на­полно човечка светлина, покажувај­ќи го во целост вистинското вели­чие на оној, кој знае да ги согледа своите престапи и да побара прош­ка од Бога.Подоцна, особено во времето на угнетувањето, тој ќе стане за Израел совршен образец за цар спасител, кого Бог го ветил да му го испрати на Својот народ. Впрочем, Израел ќе се сеќава на ветувањето што Бог му го дал на Давид преку пророкот Натан: „По тебе ќе има секогаш некој од твоите наследници за цар“ (7). Оттука јасно може да се разбере зошто Исус, Спасителот испра­тен од Бога, понекогаш во Новиот завет се означува како „Син Давидов“ (Мт 20,29-34; 21,9).
Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help