Марко 12 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (66 книги)(MK2006)

Парабола за немилосрдните лозарите(Мт 21,33-46; Лк 20,9-19)

1 Ис 5,1-2 И почна да им говори во па­раболи: „Еден човек насади лозје и го загради со ограда, па ископа бунар и соѕида кула; и откако им го предаде на лозарите, си отиде.

2А кога дојде времето, испрати кај лозарите еден слуга, за да го прибере од нив плодот на лозјето.

3Но тие го фатија слугата, го натепаа и го испратија празен.

4И пак испрати кај нив друг слуга; и нему, со камења му ја расцепија главата, па го отпуштија посрамен.

5Испрати и друг; него, пак го убија; и мнозина други, или натепаа, или пак ги убија.

61,11; 1 Мојс 22,2; 2 Птр 1,17Па, бидејќи имаше уште еден син, кој му беше мил, го испрати најпосле него кај нив, велејќи: ‚Ќе се засрамат од сина ми.‘

7Евр 1,2Но лозарите си рекоа меѓу себе: ‚Овој е наследникот! Ајде да го убиеме и наследството ќе биде наше!‘

8И го фатија, го убија и го исфрлија надвор од лозјето.

9Што ќе направи, пак, господарот на лозјето? Ќе дојде и ќе ги погуби лоза­рите, а лозјето ќе го даде на други.

10Пс 118,22-23

Дела 4,11; 1 Птр 2,7Зар не сте читале во Писмото: ‚Ка­менот, што го отфрлија ѕидарите, стана камен темелник.‘

11Од Господ е тоа, и чудесно е во очи­те наши.“

12Мт 14,5И сакаа да Го фатат, но се уплашија од народот, зашто разбраа дека за нив ја кажа параболата; па Го оставија, и си отидоа.

За плаќањето данок(Мт 22,15-22; Лк 20,20-26)

13 3,6; Мт 16,1 А пратија кај Него некои од фарисе­ите и од Иродовците, за да Го фатат на збор.

141,2-3; Мт 22,16; Лк 1,76; Дела 16,17; Евр 3,10; Откр 15,3Тие дојдоа и Му рекоа: „Учителе, знаеме дека си правичен и дека не се плашиш од никого, зашто не гледаш кој е кој, туку вистински поучуваш за патот Божји. Треба ли да му се дава данок на царот или не? Да даваме ли, или да не даваме?“

15А Тој, знаејќи ја нивната лицемерност, им рече: „Зошто ме искушувате? Донесете ми еден денариј да го видам!“

16И тие донесоа. Па им рече: „Чиј е овој лик и натпис?“ Му рекоа: „На ца­рот.“

17Рим 13,7Тогаш Исус им одговори и рече: „Давајте му го царевото на царот, а Божјото на Бога!“ И тие Му се чудеа.

За воскресението(Мт 22,23-33; Лк 20,27-40)

18 Ез 40,46; Дела 23,8; 1 Кор 15,12 Дојдоа кај Него и садукеите, кои ве­лат дека нема воскресение, па Го пра­шаа, говорејќи:

191 Мојс 38,8; 5 Мојс 25,5„Учителе, Мојсеј ни напиша: ‚Ако некому умре братот и остави жена, а де­ца не остави, тогаш брат му нека ја земе жената негова и нека го подигне потомството на својот брат.‘

20Беа седуммина браќа: првиот зеде жена и кога умре, не остави пород.

21Неа ја зеде вториот брат, и умре, но и тој не остави пород; исто така и третиот.

22Ја зедоа сите седуммина, и не ос­та­вија пород. По нив умре и жената.

23При воскресението, кога ќе вос­креснат, на кого од нив таа ќе биде же­на? Зашто седуммина ја имаа како же­на.“

24Јн 20,9А Исус им одговори и рече: „Зар не се лажете, бидејќи не ги познавате ни Писмата, ниту силата Божја?

25Зашто, кога ќе воскреснат од мрт­вите, ниту ќе се женат, ниту ќе се ма­жат, туку се како ангели на небесата.

262 Мојс 3,6; Дела 3,13А за мртвите, дека ќе воскреснат, не сте ли читале во книгата на Мојсеј, како му рече Бог кај капината: ‚Јас сум Бог Авраамов, и Бог Исаков, и Бог Ја­ковов‘?

27Но Тој не е Бог на мртвите, туку Бог на живите. Вие, пак, многу се ла­же­те!“

Најважната заповед(Мт 22,34-40; Лк 10,25-28)

28Тогаш пристапи еден од книж­ни­ци­те, кој ги слушаше како се препираат и увиде дека Исус им одговараше добро, па Го запраша: „Која е прва од сите заповеди?“

295 Мојс 6,4-5А Исус му одговори: „Најважна од сите заповеди е: ‚Чуј Израеле! Господ, Бог наш, е еден Господ.

30Лк 10,27

Ис.Н. 22,5Затоа, возљуби Го Господа, твојот Бог, со сето свое срце и со сета своја душа, и со сиот свој разум, и со сета своја сила!‘ Ова е најважната заповед.

313 Мојс 19,18; Мт 19,19; Рим 13,9; Гал 5,14; Јк 2,8А втората е слична на неа: ‚Воз­љуби го својот ближен како себеси!‘ Друга заповед, поголема од овие, нема.“

325 Мојс 4,35; 6,4; Ис 45,21; Лк 20,39; Рим 3,30; 1 Кор 8,6; Јк 2,19Книжникот Му рече: „Добро, Учи­теле. Право кажа дека Бог е еден, и де­ка нема друг, освен Него;

333 Мојс 19,18; 5 Мојс 6,5; 2 Цар 23,25; 1 Сам 15,22; Ос 6,6; Амос 5,21; Пс 40,6-8и дека, да Го љубиш со сето срце, и со сиот разум, и со сета своја душа, и со сета сила, и да го љубиш ближниот свој како себеси е повеќе од сите прилози и жртви.“

34Мт 3,2; 6,10; 22,46; Лк 20,40Исус, пак, кога виде дека умно од­говори, му рече: „Не си далеку од царството Божјо.“ Потоа никој веќе не се осмелуваше да Го прашува.

За Месијата(Мт 22,41-46; Лк 20,41-44)

35 Јн 7,42 И кога одговараше Исус, поу­чу­вај­ќи во храмот, рече: „Како тоа книжни­ците велат дека Христос е син Давидов,

36Пс 110,1кога самиот Давид кажа преку Све­тиот Дух: ‚Му рече Господ на мојот Господ: седи од Мојата десна страна, додека не ги положам Твоите неприја­тели за подножје на нозете Твои!‘

37Лк 19,48; 21,38И така, сам Давид Го нарече Гос­под; од каде тогаш да Му е Тој син?“ И многу народ Го слушаше со задовол­ство.

За книжниците(Мт 23,1-12; Лк 20,45-47)

38 Лк 11,43; 14,7 И им рече потоа во Својата поука: „Чувајте се од книжниците, кои сакаат да одат во долги облеки и да ги поздра­вуваат по улиците,

39и заземаат предни седишта во синагогите, како и први места на гозбите.

40Тие, што ги подјадуваат домовите на вдовиците и лицемерно долго се мо­лат, ќе бидат потешко осудени.“

Прилог од една вдовица(Лк 21,1-4)

41 2 Цар 12,9; Јн 8,20 Па седна Исус спроти ковчежето и гледаше како народот пушта пари во него. Мнозина богати пуштаа многу.

42И кога дојде една бедна вдовица, пушти две лепти, што изнесува еден кодрант.

43А Исус, кога ги повика учениците Свои, им рече: „Вистина ви велам дека оваа сиромашна вдовица даде повеќе од сите, што пуштија во касата на храмот;

442 Кор 8,12зашто сите пуштија од својот ви­шок, а таа од својата сиромаштија даде сѐ што имаше, целиот свој имот.“

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help