1 Летописи 19 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (66 книги)(MK2006)

Давид ги поразува Амонците и Арамејците(2 Сам 10,1-19)

1 1 Мојс 19,38; 2 Лет; 20,1-2 Потоа умре Нахас, цар амон­ски, и место него стана цар си­нот негов.

2Тогаш Давид рече: „Ќе покажам милост кон Анон, Нахасовиот син, заради доброто, што ми го направи таткото негов.“ И Давид испрати пра­теници за да му изразат сочувство за татко му. Давидовите слуги дојдоа во земјата на Амонците, кај Анон, за да го утешат.

34 Мојс 21,32Но амонските началници му рекоа на Анон: „Зар мислиш дека поради почит кон татко ти, Давид испрати кај тебе утешители? Зар слугите негови не дошле кај тебе за да разузнаат и да ја разгледаат земјата, та да ја завл­адеат?“

4Тогаш Анон ги фати слугите Дави­дови и ги избричи и им ја пот­сече обле­ката до половина, до крстот, и ги испра­ти.

5И тие си отидоа. Кога му сооп­штија на Давид за тие луѓе, тој испрати да ги пречекаат, бидејќи беа необично многу обезличени, за да им порачаат од царот: „Останете во Ерихон, додека да ви пораснат брадите, тогаш вратете се!“

61 Мојс 34,30Кога Амонците видоа дека му стана­ле омразни на Давид, тогаш Анон и Амонците испратија илјада кикари среб­ро, за да најмат коли и коњаници од Арам Нахараим и од Арамејците од Мааха и од Цова.

74 Мојс 21,30И најмија триесет и две илјади коли, а царот на Мааха со народот негов, дојде и се улогори спроти Медева. Се собраа и Амонците од градовите свои и излегоа на војна.

8Кога Давид чу за тоа, го испрати Јоав со сета војска – јунаци.

9Амонците излегоа и се наредија за борба пред градските порти, а царевите, што беа дошле, – одделно во полето.

10Јоав, откако виде дека му претстои борба однапред и одзади, ги одбра сите избрани војници во Израел и ги нареди спроти Арамејците.

111 Сам 26,6А другиот дел од народот му го довери на братот свој Авеса, за да се распореди спроти Амонците.

12И тогаш рече: „Ако Арамејците почнат да ме надвиваат, ќе ми помог­неш ти; ако, пак, Амонците почнат да те надвиваат тебе, јас ќе ти помогнам.

13Биди храбар, и да стоиме цврсто за нашиот народ и за градовите на нашиот Бог, а Господ нека направи, како што Му е угодно.“

14И влезе Јоав и луѓето, што беа со него, во борба со Арамејците, и тие избегаа од него.

15Амонците, пак, штом видоа дека Арамејците бегаат, избегаа и тие од братот негов Авеса, и навлегоа во градот. Тогаш Јоав се врати во Еру­салим.

16Арамејците, откако видоа дека се победени од Израелците, испратија пра­теници и ги изведоа Арамејците, што беа од онаа страна на реката; ги предводеше Шофах, воен началник Адраа­заров.

17Кога му соопштија за тоа на Давид, тој ги собра сите Израелци, го преминаа Јордан и, откако дојде кај нив, се распореди спроти нив. И влезе Давид во борба со Арамејците, и тие се судрија со него.

18И Арамејците избегаа од Израел­ците, и Давид им уништи седум илјади коли на Арамејците, и четириесет илјади пешаци, а воениот началник Шофах го уби.

19Кога видоа луѓето на Адраазар дека Израелците ги поразија, со Да­вид склучија мир и му се потчинија. И Ара­мејците не се осмелуваа повеќе да им помагаат на Амонците.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help