2 Самоилова 4 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (66 книги)(MK2006)

Баана и Рихав го убиваат Ишбошет

1 3,27; Ис 35,3; Ер 6,24; 47,3; 50,43; Јов 4,3 Сауловиот син Ишбошет, откако слушна дека Авенир умрел во Хеврон, му отпаднаа рацете, и целиот Израел се вознемири.

2Сауловиот син имаше двајца воени началници: едниот се викаше Баана, а другиот – Рихав, синови на Бееро­теецот Римон, од Венијаминовите потомци, бидејќи и Беерот се вбројуваше кон Венијамин.

3Неем 11,33И Бееротејците избегаа во Гитаим и таму останаа да живеат како туѓинци до денес.

49,3.6; 16,1-4; 19,25-31Јонатан, Сауловиот син, имаше куц син. Синот беше на пет години, кога од Израел дојде известување за Саул и Јонатан, а доилката, го зела, и избегала. Бидејќи таа бегала брзо, тој паднал и останал сакат. Името му беше Мемфи­востеј.

52,8И синовите на Бееротеецот Римон, Рихав и Баана тргнаа и стигнаа по најголемата дневна горештина до куќата на Ишбошет, кој спиеше по­пладне во леглото свое.

6Тие влегоа во куќата, небаре да земат пченица, го прободоа во стомакот и избегаа.

7Кога тие влегоа во куќата, тој ле­жеше на леглото свое, во својата спална; тие го удрија и го убија; ја пресекоа главата негова, ја зедоа со себе и цела ноќ одеа по пустинскиот пат;

81 Сам 19,10-11; 23,15; 24,12; 25,29му ја донесоа на Давид во Хеврон главата на Ишбошет и му рекоа на царот: „Еве ја главата на Ишбошет, синот на Саул, кој ја бараше душата твоја; сега Господ се одмазди за мојот господар на царот Саул, твојот непријател, и на потомството негово.“

91 Сам 26,24; 1 Цар 1,29Давид му одговори на Рихав и на братот негов Баана, синови на Бееро­теецот Римон, и им рече: „Се колнам во Господ, Кој ја спаси душата моја од секаква жалост,

101,2-16дека ако тогаш, кој ми донесе известување, велејќи: ‚Ете, умреа Саул и Јонатан‘, и кој се мислеше за радосен известител, јас го фатив и го убив во Циклаг, наместо да му дадам награда,

111 Мојс 9,5-6така и сега, кога никаквеци убија невин човек во куќата негова, во не­говото легло, зарем нема да ја побарам крвта негова од вашата рака и нема да ве истребам од земјата?“

121,15; 3,32И Давид им заповеда на слугите, и тие ги убија, им ги пресекоа рацете и нозете нивни и ги обесија крај базенот за вода во Хеврон. А главата на Ишбошет ја зедоа и ја погребаа во гробот на Авенир во Хеврон.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help