1 Самоилова 30 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (66 книги)(MK2006)

Циклаг освоен и изгорен. Давид ги гони Амаликијците

1 27,8; 2 Мојс 17,8-16; 5 Мојс 25,17-19 На третиот ден, откако Давид и луѓето негови тргнаа за Циклаг, Амаликијците го нападнаа Циклаг од југ, го презедоа и го изгореа со оган;

2жените, пак, и сите што беа во него, од мал до голем, не ги убија, туку ги одведоа во плен и отидоа по патот свој.

3Се приближи Давид и луѓето негови до градот, и ете, тој е изгорен со оган, а жените нивни, синовите нивни и ќер­ките нивни се земени во плен.

4Давид и народот што беше со него, почнаа да викаат и да плачат, додека имаше сила во нив за плачење.

525,42-43; 27,3; 2 Сам 2,2-3Беа земени во плен и двете жени Давидови: Ахиноам, јизреелката, и Авигеја, поранешната Навалова жена, од Кармил.

6Давид беше многу збунет, бидејќи народот сакаше да го убие со камења; зашто сиот народ страдаше во душата, секој за синовите свои и за ќерките свои.

722,20-23Но Давид се закрепи со надежта во Господ, својот Бог; и му рече Давид на свештеникот Авијатар, синот на Ахи­мелех: „Донеси ми го ефодот.“ И Авијатар му го однесе ефодот на Давид.

823,9-13Давид Го праша Господа, велејќи: „Да го гонам ли тоа мноштво, и ќе ги стигнам ли?“ А одговорот му беше: „Гони, ќе стигнеш и ќе ги избавиш.“

930,21И тргна Давид, тој и шестотини мажи што беа со него; и дојдоа до пото­кот Бесор, каде што изморените застанаа.

1022,2; 25,13И ги гонеше Давид, тој сам со четиристотини души; а двестете души останаа, зашто немаа сила да го преминат Бесорскиот поток.

11Најдоа еден Египќанин во полето, го доведоа кај Давид, му дадоа леб да јаде, и го напоија со вода;

12и му дадоа дел од низа смокви и два грозда суво грозје, и тој јадеше и се поткрепи, зашто не беше јадел леб и не беше пиел вода три дни и три ноќи.

13Тогаш Давид го праша: „Чиј си ти и од каде си?“ Тој одговори: „Јас сум момок Египќанец, слуга на еден Ама­ликиец, и мојот господар ме остави, бидејќи се разболев, има веќе три дни;

1427,10ние навлеговме во јужниот дел од територијата на Керетијците и во областа Јудина и во јужниот дел од те­риторијата на Халев, а Циклаг го изго­ревме со оган.“

15А Давид го запраша: „Ќе ме од­ведеш ли до тие луѓе.“ Тој одговори: „Заколни ми се во Бога дека нема да ме убиеш и нема да ме предадеш во рацете на господарот мој, и јас ќе те одведам до тие луѓе.“

Давид ги победува Амаликијците

16Давид му се заколна, и тој ги поведе. И ете, Амаликијците, распрс­нати по целата таа земја, јадеа и пиеја и празнуваа поради големиот плен што го беа зеле од земјата филистејска и од земјата јудејска.

17И ги нападна и ги убиваше Давид од утринските мугри до вечерта на другиот ден, и никој од нив не се спаси, освен четиристотини момчиња што се качија на камили и избегаа.

18И Давид одзеде сѐ што беа зеле Амаликијците, ги зеде Давид и двете жени свои,

1930,8и не се изгуби кај нив ништо, ни мало, ни големо, ни синови, ни ќерки, ни пленот – ништо од она што го беа зеле од нив Амаликијците: сѐ врати Давид.

20И Давид го зеде сиот ситен и крупен добиток; и неговите луѓе одеа пред тој добиток и говореа: „Ова е Давидов плен.“

2130,10Давид дојде кај оние двесте души, кои немаа сила да одат по нив, и кои ги беше оставил кај потокот Бесор, и тие излегоа да го пречекаат Давида и луѓето, кои беа со него. Давид се приближи до тие луѓе и ги поздрави.

22Тогаш лошите и неранимајковците што беа оделе со Давид, почнаа да зборуваат: „Поради тоа што тие не одеа со нас, нема да им дадеме од пленот што го одзедовме; секој нека си ја земе само жената и децата и да си оди.“

2314,10Но Давид рече: „Не правете така, браќа мои, откако Господ ни го даде тоа и нѐ зачува и ни го предаде во рацете мноштвото луѓе што доаѓаше против нас.

244 Мојс 31,27; Ис.Н. 22,8И кој ќе ве послуша во тоа? Каква е честа на оние што одеа во војна, таква чест треба да има и за оние што останаа во логорот; меѓу сите треба да се подели.“

25Така стана тоа, од тоа време и понатаму; и тој го постави тоа како закон и правило за Израел до денес.

26И дојде Давид во Циклаг и од пленот им испрати на старешините Јудини, свои пријатели, велејќи: „Ете ви подарок од пленот, земен од непријателите Господови.“

27Им испрати и на оние што се во Ветил и во Рамот во Негев, и во Јатир,

28во Ароер, во Шифемот, и на оние во Ештемоа,

2927,10на оние во Рахал и во градовите је­рахмелитски и кениски,

30во Хорма, во Бор-Ашан и во Атах

31и во Хеврон, и по сите места, каде што Давид беше одел, тој и луѓето негови.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help