1 7,19; 8,5; 3 Мојс 16,34; Кол 2,17 Бидејќи Законот ја има само сенката на идните добра, а не суштината на работите, никогаш не може со оние исти жртви, што се принесуваат секоја година, да ги усоврши оние кои пристапуваат.
29,9.26Инаку би престанале да се принесуваат, бидејќи оние што служат, еднаш очистени, не ќе имаат веќе никаква свест за гревовите.
33 Мојс 16,21Но преку жртвите секоја година се потсетуваат на гревовите,
47,18-19; 9,9.12-13; 10,1.11; Ис 1,11бидејќи не е можно телешката и јарешката крв да ги однесе гревовите.
5Пс 40,7-9Поради тоа, влегувајќи во светот, вели: „Жртви и дарови Ти не посака, а тело Ми приготви.
6Сепаленици за гревот не Ти се угодни.“
7Мт 26,39Тогаш реков: „Ете, идам, напишано е за Мене во книгата, да ја извршам, Боже, волјата Твоја.“
8Пс 40,7Кога погоре рече: „Жртви и дарови и сепаленици за гревот – што се принесуваат според Законот, Ти не посака и не Ти се угодни“,
97,18-19; Пс 40,8.9а потоа рече: „Ете, идам, Боже, да ја извршам волјата Твоја“, со тоа Тој го укинува првото, за да го воспостави второто.
102,11; 7,27; 9,14.28; 10,12.14; 13,12; Јн 17,19; Ефес 5,2.26; 1 Сол 4,3Според таа волја сме осветени со приносот на телото на Исус Христос еднаш засекогаш.
112 Мојс 29,38И секој свештеник стои секој ден, служејќи и принесувајќи многупати едни и исти жртви, кои никогаш не можат да ги отстранат гревовите;
121,13а Тој, принесувајќи само една жртва за гревовите, засекогаш седна оддесно на Бога,
13и оттогаш чека понатаму додека непријателите Негови не бидат положени како подножје за нозете Негови.
147,25; 10,10Зашто преку едно принесување Тој осветените ги направи засекогаш совршени.
153,7И Светиот Дух ни посведочи, зашто, откако порано рече:
168,10.12; Ер 31,33.34„Ова е заветот што ќе им го дадам по оние дни, вели Господ: ќе ги вградам законите Свои во срцата нивни, и во мислите нивни ќе ги напишам.“ Тој додава:
17„И за гревовите и беззаконијата нивни нема веќе да си спомнувам.“
18А каде што има проштевање за нив, таму веќе нема приноси за грев.
Да Му пристапиме на Бога19 4,16; 9,8.12.25; Ефес 3,12 И така, браќа, кога имаме слобода да влегуваме во светилиштето преку крвта на Исус Христос по нов и жив пат,
206,19-20; Јн 14,6што Тој ни го отвори низ завесата, односно преку Своето тело,
213,6; 4,14имаме Врховен свештеник над домот Божји.
224,16; 6,11; 9,14; 2 Мојс 29,4; 3 Мојс 16,4; Ез 36,25; Дела 22,16; Ефес 5,26; 1 Тим 3,9Затоа да пристапиме со искрено срце, во полна вера, откако ќе ги очистиме срцата од зла совест со попрскување и откако ќе го измиеме телото со чиста вода.
234,14И да го држиме исповеданието на надежта цврсто, зашто верен е Оној Кој се заветувал.
24Тит 2,14И да бидеме внимателни еден кон друг за да се поттикнуваме кон љубов и добри дела,
253,13; 13,22; Дела 2,42; 1 Кор 3,13не изостанувајќи од собранијата како што некои имаат обичај, туку да се поучуваме еден друг, и тоа во толку повеќе, до колку гледате дека се приближува судниот ден.
266,4-8; 4 Мојс 15,30; 2 Птр 2,20-21Зашто, ако, откако ја познавме вистината, своеволно продолжуваме да грешиме, тогаш нема веќе жртва за гревови,
279,27; Ис 26,11; Соф 1,18; 2 Сол 1,6-8туку страшно очекување на суд и јаростен оган што ќе ги проголта противниците.
285 Мојс 17,6Ако оној што го прекршил Мојсеевиот закон, пред двајца или тројца сведоци безмилосно се казнува со смрт,
292,3; 6,4.6; 9,20; 12,25; 13,20; 2 Мојс 24,8; Мт 7,6; 26,28; 1 Кор 6,11; 11,27; Ефес 4,30тогаш, колку ли потешка казна, мислите, ќе заслужи оној што Го погазил Синот Божји и ја осквернил крвта на заветот преку која е осветен и Го похулил Духот на благодатта?
305 Мојс 32,35.36; Пс 135,14; Рим 12,19Зашто ние Го знаеме Оној што рекол: „Одмаздата е Моја, Јас ќе платам“, вели Господ. И пак: „Господ ќе му суди на Својот народ.“
31Мт 10,28; 2 Кор 5,11Страшно е да се падне во рацете на живиот Бог!
32Потсетувајте се на вашите поранешни денови кога, откако се просветивте, поднесовте голема борба во страдањата,
331 Кор 4,9; Фил 4,14било затоа што бевте изложени на срам и маки, било затоа што станавте соучесници на оние кои исто така страдаа,
3411,16; 13,3; 1 Птр 1,4-5зашто и на оковите мои се сожаливте и со радост дозволивте вашиот имот да се разграби, знаејќи дека на небесата имате подобар и траен имот.
354,16; 11,6И така, не напуштајте ја вашата слобода; таа ви носи голема награда.
366,12.15; Лк 8,15; 21,19Најнапред ви е потребно трпение, па, откако ќе ја исполните волјата Божја, да го добиете ветеното;
37Ис 26,20; Авак 2,3; Откр 22,20зашто уште малку, сосем малку и „Оној што иде, ќе дојде и нема да задоцни.
38Авак 2,4; Рим 1,17; Гал 3,11А праведниот преку верата ќе биде жив; Јас не се радувам за ниеден кој отстапува.“
391 Птр 1,9Ние, пак, не сме од оние што отстапуваат и гинат, туку од оние кои веруваат и се спасуваат.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.