Захарија 11 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (66 книги)(MK2006)

Казна за непријателите на Израел

1 Пс 29,5 Отвори ги, Ливане, портите свои и оган нека ги проголта кедрите твои.

2Ис 2,13; Ез 27,5-6Плачи, кипарисе, зашто падна кеда­рот, зашто паднаа великаните; ридајте, дабови башански, бидејќи е испосечена густата гора.

3Ер 25,34Се слуша гласот од плачењето на пастирите, бидејќи е опустошена нивната слава; се слуша рикањето на лаво­вите, зашто е опустошена гордоста на Јордан.

Бескорисни духовни пастири

4 Ер 12,3 Така вели Господ мојот Бог: „Паси ги овците, определени за клање,

5Ез 34,3; Ос 12,9кои купувачите, без пречка ќе ги колат, а продавачите ќе им велат: ‚Нека е благословен Господ; се збогативме!‘ И пастирите нивни не ќе ги жалат.

6Зашто Јас веќе нема да ги жалам жителите од земјата, вели Господ; ете, ќе ги предадам луѓето, секого во рацете на неговиот ближен и во рацете на неговиот цар, и тие ќе ја пустошат земјата, а Јас нема да ги избавувам од рацете нивни.“

7Ез 34,15; Пс 23,4И зедов да ги пасам овците во земјата хананска, определени за клање, овци наменети за трговците. И зедов два стапа, едниот ќе го наречам – Благо­наклонетост, а другиот – Сојуз; со нив ги пасев овците.

8И отфрлив тројца од пастирите во еден месец, а и овците ми одмилеа, па и јас ним.

9Ис 9,19; Ер 15,2; 43,11; Откр 13,10Тогаш реков: „Нема повеќе да ве пасам; онаа што е за умирање, нека умре, и која загинува, нека загине; тие, пак, што ќе останат нека се изедат една со друга!“

10Ер 11,10И така го зедов стапот Свој Бла­гонаклонетост и го скршив, за да го раскинам Сојузот што го склучив со сите народи.

11И тој беше уништен во оној ден, и тогаш разбраа трговците со овци, кои ме гледаа, дека ова е слово од Господ.

12Мт 26,15И им реков: „Ако ви е угодно, дајте ми ја платата моја; ако, пак не – не да­вајте ми ја; и тие ми определија плата триесет сребреници.“

132 Цар 12,11; 22,4; Мт; 27,5.9-10А Господ ми рече: „Фрли ги во црковната каса – тие големи пари со кои Ме оцени!“ И јас ги зедов тие триесет сребреници и ги фрлив во домот Гос­подов.

14Ер 3,18Го скршив и Својот друг стап – Сојуз, за да го раскинам братството меѓу Јуда и Израел.

15И ми рече Господ: „Земи си уште нешто од опремата на безвреден пастир.

16Ер 23,1; Ез 34,2-4Зашто, ете, Јас ќе поставам еден безумен пастир во оваа земја, кој нема да се грижи за оние што загинуваат, нема да ги бара загубените и болните нема да ги лекува, здравите нема да ги храни, а месото од згоените ќе го јаде и копитата ќе им ги откинува.“

17Јов 17,7; Јн 10,12-13Тешко му на овој неодговорен пас­тир, што го остава стадото! Меч нека му ги исече раката негова и неговото десно око! Раката наполно нека му се исуши, и десното око негово наполно нека потемне!

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help