1Само во Бога се успокојува душата моја, од Него е моето спасение.
2Ис 12,2Зашто Тој е Бог мој, и мој Спасител. Тврдина моја: нема да се поколебам.
318,2; 46,7.11; 89,26До кога ќе притискате врз човекот? Го уривате сите вие како наклонет ѕид и накривена ограда!
4Намисливте да го уништите моето достоинство со лага; со устата своја благословувате, а со срцето свое колнете.
54,2; 28,3; 55,21А ти, душо моја, само на Бога чекај, зашто само во Него е мојата надеж.
642,5.11; 43,5; 71,5; 118,8; Мих 7,7Само Тој е моја Карпа и Спасител мој: тврдина моја и нема веќе да се колебам.
71 Мојс 49,18Во Бога е моето спасение и мојата слава; Бог ми е силна карпа и прибежиште мое.
8Ис 45,17; 60,17; Ер 3,23Надевајте се во Него сите луѓе во секое време; отворете го срцето ваше пред Него: Бог е нашето прибежиште.
9Ис 26,4Синовите човечки се само суета; синовите човечки се лага; кога би ги ставиле на мерило, тие сите заедно би биле полесни од здив!
1039,5-6; 49,2; 116,11; Ис 40,15Не верувајте во насилство и не посакувајте грабеж; кога богатството расте, не приврзувајте го срцето кон него.
11Ис 30,12; Ер 17,11; Ез 22,29; Јов; 27,13-14; 31,24; Проп; 5,9-10; Мт 6,19-20.24; 1 Тим 6,17Еднаш Бог рече, а двапати јас го чув тоа дека силата е во Бога,
12Јов 40,5дека во Тебе, Господи, е силата Божја и дека во Тебе има милост, зашто Ти му плаќаш на секого според делата негови.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.
