1Со гласот свој викам кон Бога, со гласот свој кон Бога, за да ме чуе.
2Во денот на тагата моја Го барам Бога ноќе, со издигнати раце кон Него неуморно; но душата моја не може да се утеши.
328,2; 50,15; 88,1; Ис 26,16Го спомнувам Бога и воздивнувам, размислувам и духот мој малаксува.
442,5.11; 43,5; 142,3; 143,4; Јона 2,8Будни се очите мои, се вознемирив и не можам да говорам.
5Размислував за дамнешните дни, и се сетив за старите години.
6143,5; 5 Мојс 32,7Размислував ноќе со срцето свое, а духот мој ме испитуваше;
7зар Господ засекогаш отфрла и не сака ли повеќе да биде благонаклонет,
874,1; 89,46; Плач; 3,21-23или засекогаш престанала Неговата милост, и Неговите ветувања се пресекле за сите родови?
9Зар Господ заборавил на штедроста Своја? Зар во гневот Свој ќе го затвори Своето милосрдие?
1074,9; Ис 49,14-15; 63,14Па си реков: „Ова е мојата болка: десницата на Севишниот се изменила.“
11Ќе си спомнам за делата на Господ; ќе се потсетам на дамнешните чудесни дела;
12ќе ги разгледувам сите Твои дела и ќе мислам на Твоите моќни дела.
13143,5Боже, Твојот пат е свет. Кој бог е толку голем, како нашиот Бог!?
1418,30-31; 89,6; 2 Мојс 15,1-18; 5 Мојс 32,4Ти си Бог, Кој прави чудеса; Ти ја покажа силата Своја меѓу народите;
15Ти со мишката Своја го избави Твојот народ, синовите на Јаков и на Јосиф.
161 Мојс 46,26-27; Неем 1,10Те видоа, Боже, водите, Те видоа водите и се разбрануваа, и бездните затрепереа.
172 Мојс 14; Наум 1,4; Авак; 3,10-11; Јов 7,12Од облаците се излеа вода, загрмеа небесата зашто стрелите Твои пролетуваа.
1818,14; 144,6Татнежот на Твојот гром се разнесуваше низ виорот; светкавици ја осветлуваа вселената; Земјата трепереше и се тресеше.
1929; 97,4; 2 Мојс 19,16Твојот пат водеше низ морето, Твоите патеки преку моќните води, но Твоите траги не се познаваа.
2078,52; Ис 43,16; 51,9; Неем 9,11Ти ги водеше како стадо луѓето Твои преку раката на Мојсеј и Арон.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.
