Езекиел 2 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (66 книги)(MK2006)

Бог го повикува Езекиел за пророк

1 Ис 6,8-13; Ер 1 Такво беше видението на сјајот од подобието на славата Господова. Кога го видов тоа, паднав ничкум и го чув гласот на Оној, Кој ми зборуваше, и Тој ми рече: „Сине човечки, стани на нозе, и Јас ќе говорам со тебе.“

2И влезе во мене Дух, ме зеде и ме подигна и ме исправи на нозете мои, и Го чув Оној, Кој ми говореше.

3Тогаш Тој ми рече: „Сине човечки, Јас те праќам кај Израеловите синови, при непокорни луѓе, кои се побунија против Мене; тие и татковците нивни Ме изневеруваа Мене дури до денешни­ов ден.

4Тие се синови со тврдокорно лице и со жестоко срце; кај нив те праќам и ти ќе им кажеш – вака вели Господ Бог.

533,33; 2 Цар 5,8Дали ќе те послушаат или нема да те послушаат, бидејќи тие се дом отстапнички – но нека знаат дека меѓу нив имало пророк.

6А ти, сине човечки, не плаши се од нив и не плаши се од нивните зборови, зашто ќе се разбеснат и ќе те навредуваат од сите страни; меѓу нив ќе жи­вееш – како меѓу трње и скорпии; не плаши се од лицата нивни, зашто тие се дом отстапнички;

7и кажувај им ги зборовите Мои – па слушале тие или не, бидејќи се тие не­покорни.

83,2; Откр 10,9А ти, сине човечки, чуј што ќе ти кажам: не биди како тој отстапнички дом; отвори ја устата и изеди го она што ќе ти го дадам.“

9Откр 5,1; 10,2И видов, ете, протегната рака кон мене, и во неа – книжен свиток.

10И Тој го разви пред мене, а свитокот беше напишан одвнатре и однадвор, и на него беше напишано: плач, жалост и офкање.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help