1 , на вториот ден дојдовме во Милит.
16Во тоа време Павле реши да помине покрај Ефес, та да не се задржи многу во Азија, зашто се брзаше да биде во Ерусалим на денот на Педесетница.
Павле се обраќа до старешините во Ефес17Но од Милит прати во Ефес да ги повика црковните старешини.
1818,19; 19,10И кога дојдоа кај него, тој им рече: „Вие знаете дека од првиот ден, откако дојдов во Азија, го минував времето со вас,
192 Кор 1,8; 11,24; 1 Сол 1,5служејќи Му на Господ со голема понизност и многу солзи, во искушенија, што ми се случуваа заради лошите замисли на Јудејците;
20дека не пропуштив да ви соопштам ништо од она што е полезно и да ве поучувам на јавни места и по куќите,
2119,10; 1 Сол 2,10.12сведочејќи им сериозно и на Јудејците и на Елините за покајание пред Бога и вера во нашиот Господ Исус Христос.
22И ете, сега, поттикнат од Духот, одам во Ерусалим, не знаејќи на што ќе наидам таму,
23освен за она, кое Духот Свети го посведочи по сите градови, велејќи дека ме чекаат окови и маки.
2426,16-18; 1 Кор 9,24-27; Фил 1,23; 3,12; 2 Тим 4,7Но јас не се грижам за ништо, ниту, пак, ми е мил животот, доволно е само да стигнам до крајот на патот и службата што ја примив од Господ Исус, да го посведочам Евангелието на Божјата благодат.
2519,8; 28,31И сега, ете, јас знам дека нема веќе да го видите лицето мое сите вие, меѓу кои одев и го проповедав царството Божјо.
2618,6Затоа во денешниов ден ви сведочам дека сум чист од крвта на сите,
2720,20бидејќи не пропуштив да ви ја соопштам во целост волјата Божја.
28Пс 74,1-2; 1 Птр 2,9Грижете се, пак, за себе и за целото стадо, во кое Духот Свети ве постави за епископи, за да бидете пастири на црквата на Господ и Бог, која ја придоби Тој со Својата крв.
29Мт 7,15; Јн 10,12Бидејќи знам дека по моето заминување ќе се втурнат меѓу вас лути волци, кои нема да го штедат стадото;
30Гал 4,17; 2 Тим 4,1-4; 1 Јн 2,19а и од вас самите ќе произлезат луѓе, што ќе зборуваат искривено, за да ги одвлечат учениците заедно со себе.
31Мк 13,35; 2 Кор 2,4; 1 Сол 2,11Затоа бидете будни и помнете дека цели три години дење и ноќе не престанував со солзи да поучувам секого од вас.
3214,23; 15,40; Ефес 2,20-22; 1 Птр 1,5А сега, браќа, ве предавам на Бога и на словото од Неговата благодат; Тој може да ве унапреди подобро и да ви даде наследство меѓу сите посветени.
3318,3; 1 Сол 2,9Од никого не побарав ни сребро, ни злато, ниту, пак, облека;
34сами знаете дека за потребите мои и на оние што беа со мене, ми послужија овие мои раце.
35Со сѐ ви покажав дека така треба да се трудите и да им помагате на немоќните, а исто така и да ги помните зборовите на Господ Исус, зашто Тој Сам рече: ‚Поблажено е да се дава, отколку да се прими.‘“
36Кога го рече тоа клекна на колена и заедно со сите се молеше.
371 Кор 16,20Тогаш сите плачеа многу и гушкајќи го Павле околу вратот, го целиваа,
38нажалени најмногу од зборот што рече дека нема веќе да го видат лицето негово. И го испратија до коработ.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.