1 (Мк 14,53-65; Лк 22,54-55.63-71; Јн 18,13-14.19-24)
57 26,3; Лк 3,2; Јн 11,49; Дела 4,6 А оние што Го фатија Исус, Го одведоа кај првосвештеникот Кајафа, каде што беа собрани книжниците и старешините.
58Петар, пак, одеше по Него оддалеку, до дворот на првосвештеникот; и влезе внатре, па седна со слугите за да го види крајот.
59А првосвештениците и старешините, и целиот Синедрион бараа лажно сведоштво против Исус за да Го погубат
601 Цар 21,10; Пс 27,12; Дела 6,13и не наоѓаа; и, макар што пристапија многу лажни сведоци, не најдоа. Но најпосле дојдоа двајца
6124,2-3; 27,40; Јн 2,19; Дела 6,14и рекоа: „Овој кажа: ‚Можам да го урнам Божјиот храм и за три дни да го соѕидам.‘“
62Тогаш стана првосвештеникот и Му рече: „Ништо ли не одговараш? Што сведочат овие против Тебе?“
634,3; 14,33; 27,12.14; Ис 53,7Но Исус молчеше. А првосвештеникот Му рече: „Те заколнувам во живиот Бог да ни кажеш: Ти ли си Христос, Синот Божји?“
648,20; 22,44; Пс 110,1; Дан 7,13; Евр 1,3Исус му одговори: „Ти рече! Ви велам отсега ќе Го гледате Синот Човечки како седи оддесно на Силата и како доаѓа на небесните облаци.“
653 Мојс 24,16
4 Мојс 14,6; 2 Сам 13,19; Ер 36,24; Езд 9,3Тогаш првосвештеникот ја раскина облеката своја и рече: „Овој хули на Бога! Каква потреба имаме повеќе од сведоци? Ете, сега го чувте Неговото хулење!66Ер 26,11; Дела 2,23Како ви се чини?“ А тие одговорија и рекоа: „Заслужува смрт!“
67Лк 22,64
27,30; Ис 50,6; 52,14Тогаш Го плукаа в лице и Го удираа по образите, а други Го тепаа68и говореа: „Проречи ни, Христе, кој Те удри?“
Петровото откажување(Мк 14,66-72; Лк 22,56-62; Јн 18,15-18.25-27)69А Петар седеше надвор во дворот. И се приближи до него една слугинка и му рече: „И ти беше со Исус Галилеецот!“
702,23Но тој се одрече пред сите, велејќи: „Не знам што зборуваш!“
71А кога одеше кон вратата, го виде друга и им рече на оние што беа таму: „И овој беше со Исус од Назарет!“
72Но тој пак се одрече со заклетва: „Не Го познавам Човекот!“
73Малку потоа се приближија оние што стоеја таму и му рекоа на Петар: „Навистина, и ти си од нив, зашто и говорот твој те издава!“
74Јн 13,38Тогаш тој почна да се колне, и се заколна: „Не Го познавам Човекот!“ И веднаш запеа петел.
7526,34; Лк 22,34; Јн 13,38И се сети Петар на Исусовите зборови што му ги рече: „Уште петел пред да запее, трипати ќе се одречеш од Мене.“ Па излезе надвор и горко плачеше.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.