1 Ис 1,1; 1 Лет 3,13 Ахаз беше на дваесет години кога стана цар, и царуваше во Ерусалим шеснаесет години; и тој не го правеше угодното во очите Господови, како што правеше неговиот предок Давид;
22 Мојс 34,17тој одеше по патот на израелските цареви, и дури направи излеани кипови на Вааловци;
33 Мојс 18,21; 5 Мојс 18,9; Ис.Н. 15,8; 2 Цар 3,27; Ез 20,26и тој кадеше во долината на Хиномовите синови, и ги протеруваше низ огин синовите свои, според гнасотиите на оние народи, кои Господ ги прогони пред лицето на израелските синови;
4принесуваше жртви и кадеше по оброчиштата и по ридовите и под секое разгрането дрво.
Војна со Арам и Израел(2 Цар 16,5)5 Ис 7,1 Затоа Господ, неговиот Бог, го предаде во рацете на арамејскиот цар, и Арамејците го разбија и му зедоа многу заробеници, кои ги одведоа во Дамаск. Беше предаден и во рацете на израелскиот цар, и тој му нанесе голем пораз.
62 Цар 15,25Факиј, син Рамалиев уби во еден ден сто и дваесет илјади Јудејци, храбри војници, затоа што Го беа оставиле Господ, Бог на нивните предци.
7А Зихриј, силен јунак од Ефремците, го уби Маасејаху, царевиот син, и Азрикам, началник на дворот, и Елкана, втор по царот.
8И зедоа синовите израелски од браќата свои, Јудејците, двесте илјади жени, синови и ќерки; ограбија и многу плен од нив, и го однесоа ограбеното во Самарија.
Пророкот Одед9 Ис 10,6; 47,6; Езд 9,6; Откр 18,5 Таму имаше пророк Господов, по име Одед. Тој излезе пред војската, која одеше во Самарија, и им рече: „Ете, Господ, Бог на предците ваши, во гневот Свој против Јудејците, ги предаде во ваша рака, и вие ги избивте со таква јарост, која стигна до небесата.
103 Мојс 25,39-46И сега мислите да ги направите синовите на Јуда и Ерусалим ваши робови и робинки. А зар немате и вие вина пред Господ, вашиот Бог?
11Затоа послушајте ме, и вратете ги заробениците, што сте ги заробиле од браќата свои, зашто пламенот на гневот Господов е на вас.“
12И некои од началниците на синовите Ефремови: Азарија, син Јоананов, Варахија, син Мешилемотов, Езекија, син Салумов, и Амаса, син Хадлаев, застанаа спроти оние што доаѓаа од војна.
13И им рекоа: „Не доведувајте ги заробениците тука, зашто би згрешиле пред Господ. Зар мислите да придодадете уште кон гревовите наши и кон престапите наши? Нашата вина е голема, и пламенот на гневот Господов е врз Израел.“
14И вооружените ги оставија заробениците и пленот кај воените началници и пред целото собрание.
155 Мојс 34,3; Суд 1,16; 2 Цар 6,22И станаа споменатите по име мажи, ги зедоа заробениците, и сите што беа голи ги облекоа од ограбеното – ги облекоа и ги обуја, и ги нахранија, и ги напоија, и ги помазаа со масло, и ги качија на магариња сите слаби, и ги испратија во Ерихон, град на палмите, кај браќата нивни, и се вратија во Самарија.
Ахаз бара помош од Асирија(2 Цар 16,7-9)16Во тоа време царот Ахаз ги замоли асирските цареви да му помогнат,
17Ис 34,5; 63,1; Ез 25,12; Амос 1,11; Пс 137,7зашто Едомците уште напаѓаа и мнозина убија и заробија во Јудеја.
18Ер 25,20; Ез 16,27А Филистејците се раширија по градовите во низината и во јужна Јудеја и го презедоа Ветсамис и Ајалон, Гедерот и Сохо со потчинетите му градови. Тимна со потчинетите ѝ градови и Гимзо со потчинетите му градови, и се населија таму.
191 Лет 5,25Така ја понижи Господ Јудеја поради Ахаз, царот јудејски, зашто тој ја разврати Јудеја и тешко грешеше пред Господ.
202 Цар 15,29; Ис 7,17; 1 Лет 5,6И дојде кај него асирскиот цар Тилгат-Пилнесер, но му беше од штета, наместо да му помогне,
21Ер 2,36зашто Ахаз ги зеде ризниците од домот Господов, од царскиот дом и од началниците, и сѐ му даде на асирскиот цар, но и тоа не му помогна.
Гревовите на Ахаз22 Ер 5,3; 15,7 И во таа притеснета положба тој продолжуваше да прави беззаконија пред Господ, таков беше царот Ахаз;
23Ис 10,20; Ер 44,17-18им принесуваше жртви на дамаските богови, мислејќи дека тие го поразија, па велеше: „Боговите на арамејските цареви им помагаат; ќе им принесам жртва, тие и мене ќе ми помогнат.“ Но тие му беа за пропаст и нему и на целиот Израел.
24Мал 1,10; Дела 17,23Ги собра Ахаз садовите на домот Божји и ги разби, ја затвори вратата на домот Господов и си изгради жртвеници по сите агли на Ерусалим,
25по сите градови Јудини направи оброчишта, за да кади на туѓи богови, и Го дразнеше Господ, Бог на своите предци.
26Другите дела и сите негови постапки, од првите па до последните, се опишани во Книгата на царевите јудејски и израелски.
27И почина Ахаз кај своите предци, и го погребаа во градот, во Ерусалим, но не го внесоа во гробниците на израелските цареви. Наместо него стана цар синот негов Езекија.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.