Езекиел 5 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (66 книги)(MK2006)

Осуда Божја над Ерусалим

1 Ис 7,20 „А ти, сине човечки, земи си остар нож, како берберски брич, па мини го преку главата своја и брадата, и земи мерила, и раздели ја косата на делови.

2Зах 13,8Едната третина изгори ја на оган среде градот, кога ќе се завршат де­новите на опсадата; втората третина земи ја и исечи ја со нож по околината на градот; а третата третина развеј ја на ветар; Јас, пак, ќе го извлечам мечот по нив.

3Ер 39,10И земи од тоа, па врзи го тоа во полите од својата облека.

4Но од тоа земи пак малку и фрли го во оган, и изгори го во огнот. Оттаму ќе излезе оган врз целиот дом Израелов.

5Така вели Господ Бог: тоа е Еру­салим. Јас го поставив среде народи, и го опкружив со земји.

6А тој стана против наредбите Мои понечесно од незнабошците, и против Моите повелби – полошо отколку зем­јите околу него; зашто тие ги отфрлија наредбите Мои и не постапуваат според повелбите Мои.“

7Затоа вака вели Господ Бог: „Биде­јќи вие ги намноживте гревовите свои повеќе од незнабошците, кои се околу вас, по Моите уредби не одите и наредбите Мои не ги извршувате, и не одите дури ни според уредбите на незна­бошците, кои се околу вас.“

8Затоа, вака вели Господ Бог: „Ете, и Јас сум против тебе, јас Самиот, и ќе извршам среде тебе суд пред очите на незнабошците.

9Мт 24,21Па поради сите твои одвратности, ќе ти направам тебе, како што никогаш не сум направил, а нема и во иднина да направам.

1012,15; 17,21; 3 Мојс 26,29; Ер 8,3; Плач 2,20; 4,10Затоа таковците ќе ги јадат сино­вите свои среде тебе, а и синовите ќе ги јадат татковците свои; и ќе извршам над тебе суд, и сиот твој остаток ќе го раз­веам по сите ветрови.

117,4.9; 8,18; Ис 9,16Затоа, жив сум Јас, вели Господ Бог: бидејќи ти го оскверни Моето све­тилиште со сите твои одвратности и со сите твои гадотии, Јас ќе те смалам, и Моето око нема веќе да те пожали, и Јас нема да се смилувам над тебе.

12Откр 6,8; 8,7Една третина од тебе, од помор ќе изумре и од глад ќе загине среде тебе; втората третина од меч ќе падне во твојата околина; а третината ќе ја развеам од сите ветрови, и ќе го извлечам мечот по нив.

13Така ќе се исполни Мојот гнев, и ќе ја истурам Својата јарост над нив, и ќе се задоволам; и кога ќе се излее јароста Моја врз нив, тогаш ќе разберат дека Јас, Господ, сум им зборувал во ревноста Своја.

143 Мојс 26,31-32Ќе те претворам во пустина и за поруга меѓу народите, кои се околу те­бе, пред очите на секој минувач.

15Ер 18,16Ќе бидеш за потсмев и за поруга, за срам и ужас кај народите што се околу тебе, кога ќе го извршам над тебе судот во гнев и јарост, и преку јаросни порази – Јас Господ го говорев тоа,

16и кога ќе пратам врз нив лути стрели на глад, што ќе истребува, кога ќе ги пратам за ваша погибел и за засилување на гладот кај вас, и ќе ја уништам лебната поткрепа кај вас.

17Откр 6,8А ќе пратам врз тебе глад и лути ѕверови, кои ќе те лишат од децата; и помор и крв ќе мине преку тебе, ќе испратам меч врз тебе; Јас, Господ го кажав ова.“

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help