Јов 2 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (66 книги)(MK2006)

Второ искушение на Јов

1 1,6-8 Еден ден дојдоа синовите Божји да застанат пред Господ; со нив дојде и ѓаволот да застане пред Господ.

2И му рече Господ на ѓаволот: „Од каде дојде?“ Му одговори ѓаволот на Господ и Му рече: „Одев по земјата и ја обиколив.“

32,9; 10,8; Пс 26,1Тогаш му рече Господ на ѓаволот: „Обрна ли внимание на Мојот слуга Јов? Зашто на земјата нема друг како него: човек непорочен, праведен, бого­бојазлив и кој го одбегнува злото, и сѐ уште цврсто се држи во својата непо­рочност; а ти Ме поттикнуваше, да го погубам без вина.“

4Му одговори ѓаволот на Господ и Му рече: „Кожа за кожа, а за животот свој човек ќе даде сѐ што има;

5но ајде пружи рака и допри се до коските негови и плотта негова, – ќе Те благослови ли и тогаш?“

638,11; Лк 22,31И му рече Господ на ѓаволот: „Ете, тој е во твоја рака; само душата не земај му ја.“

75 Мојс 28,35Си отиде ѓаволот од лицето Госпо­дово и го порази Јов со лута рана – од стапалките на нозете негови до самото теме негово.

81 Цар 21,13; Ис 58,5; Ест 4,3; Дан 9,3И си зеде Јов тогаш цреп за да се чеша со него, и седеше на ѓубриште­то.

9И му рече неговата жена: „Ти сѐ уште си цврст во непорочноста своја. Проколни Го Бога и умри!“

10Но тој ѝ рече: „Говориш како без­умна. Зар доброто да го примаме од Бога, а злото да не го поднесуваме?“ – Во сето тоа Јов не згреши со устата своја.

Доаѓање на тројцата пријатели на Јов

11Слушнаа тројцата пријатели Јово­ви за сите тие зла што го беа снашле, па тргнаа секој од своето место: Елифаз од Теман, Вилдад од Шуах и Софар од Ноема; се состанаа, за да одат да тагуваат заедно со него и да го утешуваат.

12Ис 52,14; Ез 27,30И кога ги кренаа очите оддалеку, тие не го познаа; па викнаа со силен глас, та заплакаа; секој ја раскина својата горна облека и се посипаа со земја врз главите свои.

13И седеа со него на земјата седум дена и седум ноќи: никој ни збор не му проговори, бидејќи гледаа дека стра­дањето му беше многу големо.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help