Езекиел 4 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (66 книги)(MK2006)

Претскажување опсада на Ерусалим

1„А ти, сине човечки, земи една тула и стави ја пред себе и нацртај го на неа Ерусалим;

2и постави опсада околу него, напра­ви тврдина кон него, направи и насипи околу него, постави логор против него и нареди наоколу спроти него машини за уривање ѕидови.

3Потоа земи железна плоча и поста­ви ја како железен ѕид меѓу себе и градот, па сврти го лицето свое спроти градот и тој ќе биде опседнат, опседнувај го ти. И тоа ќе биде знак за домот Израелов.

4Ти, пак, легни на својата лева страна и стави го врз неа беззаконието на домот Израелов; според бројот на де­новите, – сто и педесет – во кои ќе лежиш врз неа, толку ќе го носиш беззаконието нивно.

5А Јас ти ги определив годините на беззаконието нивно според бројот на деновите; триста и деведесет денови ќе го носиш беззаконието на домот Израелов.

64 Мојс 14,34И кога ќе ги исполниш, повторно легни, но сега на својата десна страна и четириесет денови носи го беззаконието на домот Јудин, ден за година, ден за година ти определив.

7Па сврти го лицето свое и мишката на својата десна страна кон опсадениот Ерусалим, и пророкувај против него.

8Ете, Јас поставив врз тебе окови, и ти не ќе можеш да се свртиш од едната страна на другата, додека не ги исполниш деновите на твојата опсада.

9Земи си пченица и јачмен, боб и леќа, просо и 'рж, и сипи ги во еден сад и направи си од нив лебови, според бројот на деновите, кога ќе лежиш на страната своја, триста и деведесет де­нови ќе ги јадеш.

10И јадењата, со кои ќе се храниш, јади ги со мерка, по дваесет шекели на ден; одвреме навреме јади го тоа.

11И вода пиј со мерка, по шестина од ин; одвреме навреме пиј.

12Ис 36,12А ќе ги јадеш јачмените погачи и печи ги пред нивните очи на човечко ѓубре.“

13Ос 9,3И рече Господ: „Израеловите си­нови така ќе јадат нечист леб меѓу оние народи, кај кои ќе ги прогонам.“

143 Мојс 17,15; Дела 10,14Тогаш реков: „О, Господи Боже, ду­шата моја никогаш не се осквернила и од младоста моја па сѐ досега никогаш не сум јал мрша и раскинато од ѕверка; и никакво нечисто месо не влегло во устата моја.“

15И ми рече Тој: „Ти дозволувам мес­то човечко ѓубре, земи говедско ѓубре, и на него печи го лебот свој.“

1612,17-19; 3 Мојс 26,26; Ис 3,1И пак ми рече: „Сине човечки, еве во Ерусалим Јас ќе ги скусам резервите на леб, и ќе јадат леб со мерка и во жа­лост, и вода ќе пијат со мерка и во тага,

173 Мојс 26,39зашто кај нив ќе снема леб и вода, и тие со ужас ќе се гледаат еден со друг и ќе умираат во беззаконието свое.“

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help