Даниел 12 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (66 книги)(MK2006)

Пророкувањето е запечатено

1 10,13; Мт 24,21; Откр 3,5; 16,18 „И во тоа време ќе се крене Михаил, големиот кнез, кој ги брани синовите на твојот народ, и ќе настане време тешко, какво што немало откако постојат луѓето, па сѐ до денес; но ќе се спасат во тоа време од твојот народ сите, кои ќе се најдат дека се запишани во Книгата.

2Ис 26,19; Мт 25,46; Јн 5,28-29; 11,24И многумина од оние што спијат во земниот прав ќе се разбудат – едни за живот вечен, а други за вечен срам.

311,33; Суд 5,31; Мт 13,43Разумните ќе сјаат како светила на небото, и оние што мнозина повратиле кон правда – како ѕвездите, во веки, засекогаш.

48,26; Ис 8,16; Ер 5,1; Откр 22,10А ти, Даниеле, сокри ги овие зборо­ви и запечати ја оваа книга до последното време; мнозина ќе талкаат овде-онде, обидувајќи се да разберат што се случува.“

510,4Тогаш јас, Даниел, погледав и ете пред мене стојат други двајца, еден од едната страна на реката, а друг од другата страна на реката.

68,13; 10,4-5; Ез 9,2Едниот му рече на човекот со ленена облека, кој стоеше над реката: „Кога ќе биде крајот на овие чудни работи?“

77,25; Откр; 10,5-6И чув, кога човекот со ленената об­лека, што се наоѓаше над реката, отка­ко ја крена десната и левата рака кон небото, се заколна во вечно Живиот дека сето тоа ќе се изврши за време од три и пол години, кога ќе заврши ис­тоштувањето на Светиот Народ.

8Јас го чув тоа но не го разбрав, па затоа прашав: „Господаре мој, како ќе заврши сето тоа?“

9Ис 29,11Тој одговори: „Оди си Даниеле, заш­то тие зборови се сокриени и запечате­ни до последното време.

1011,35; Откр 22,11Многумина ќе се очистат, ќе се из­белат и ќе бидат искушани; безбож­ниците ќе си останат безбожни, и никој од нив нема тоа да го разбере, само мудрите ќе разберат.

118,11; 9,27; Мт 24,15Од времето, кога ќе се прекрати се­којдневната жртва и ќе се постави Гнасниот Пустошник, ќе минат илјада двесте и деведесет денови.

12Ез 4,5-6Блажен е оној што чека и ќе дочека илјада триста триесет и пет дена.

13Ис 57,2; Пс 16,5; Мт 10,22; Откр 14,13А ти оди кон својот крај, и отпо­чини. И ќе останеш да го добиеш својот дел на крајот од времето.“

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help