1 9,11; 96,3; Ис 12,4-5 Славете Го Господа; повикувајте го Неговото име; разгласувајте ги меѓу народите делата Негови.
29,1; 68,4; Дела 2,11Славете Го и пејте Му; кажувајте ги сите Негови чудеса.
334,2; 40,16; 70,4Фалете се со Неговото свето име: нека се весели срцето на оние, кои Го бараат Господа.
424,6; 27,8; Ос 5,15Барајте Го Господа и утврдувајте се, барајте го секогаш лицето Негово.
577,11; 111,4Спомнувајте ги чудесата Негови, што ги направи, чудесата Негови и судовите од устата Негова,
6Ис 45,4вие, семе Авраамово, слуги Негови, синови Јаковови, избраници Негови.
7Тој е Господ, Бог наш; Неговите судови се по целата земја.
8106,45; 111,5; 5 Мојс 7,9; Мих 7,20; Лк 1,72Тој вечно го помни заветот Свој, зборот што го заповедал во илјада родови,
91 Мојс 15,7-18; 17,19; 26,3; 2 Мојс 2,24; 3 Мојс 26,42; 5 Мојс 4,31; Мих 7,20што му го ветил на Авраам, и заклетвата Своја на Исак;
1047,4; 1 Мојс 28,13-15; 35,12; 50,24и му го поставил тоа како закон на Јаков и како вечен завет на Израел,
11велејќи: „Тебе ќе ти ја дадам Хананската земја во ваше наследство.“
125 Мојс 7,7; 26,5Тогаш тие беа уште малку на број, многу малку, и беа придојдени во неа,
131 Мојс 23,4; Евр 11,13па одеа од народ во народ, од едно царство кон друг народ;
14никому не му дозволуваше Тој да ги угнетува и цареви за нив караше:
151 Сам 24,7; 1 Лет 16,22„Не допирајте се до Моите помазани, на Моите пророци не правете им зло!“
161 Мојс 41,54; 3 Мојс 26,26; 2 Цар 8,1; Ез 5,16; 14,13И пушти глад во таа земја и секој лебен клас го сотре.
171 Мојс 45,5; Дела 7,9Испрати пред нив човек: како роб беше продаден Јосиф.
18Ги стегнаа во окови нозете негови, железо околу вратот негов,
191 Мојс 41,13додека се исполни зборот негов: зборот Господов го потврди.
20Царот прати по него, го одврзаа, кнезот над народите го ослободи.
211 Мојс 41,40-41; 42,5; Дела 7,10Го постави за домаќин над домот свој и управител над сиот имот свој,
22за да ги поучува кнезовите според својата волја и старешините негови да ги учи на мудрост.
23Тогаш дојде Израел во Египет, и Јаков се всели во Хамовата земја.
242 Мојс 1,7; 5 Мојс 26,5Го умножи Бог многу Својот народ и го направи посилен од непријателите негови.
252 Мојс 7,3Се преврте срцето нивно и тие го замразија народот Негов, и почнаа да им пакостат на слугите Негови.
26Го испрати Мојсеј, слугата Свој, и Арон, кого го избра.
2778,43; Ер 32,20Тие ги покажаа меѓу нив Неговите знаци и чудесата Негови во Хамовата земја.
28Испрати темнина и се смрачи, и тие не се спротивставија на зборот Негов.
29Ја претвори водата нивна во крв и ја уништи рибата нивна.
30Се исполни земјата нивна со жаби, дури и собите на царот нивен.
31Тој заповеда: и нападнаа рој муви и мушички по сите нивни предели.
32Наместо дожд, испрати врз нив град, оган што ја гореше земјата нивна,
33и ги уништи лозјата нивни и смоквите нивни, ги сотре сите дрвја во нивните предели.
34Рече и нападнаа скакулци и гасеници безброј;
35и ја изедоа сета трева по земјата нивна, ги испојадоа сите плодови на нивите нивни.
3678,51; 5 Мојс 21,17И го погуби секое првородено во земјата нивна, првините од сиот нивен труд.
372 Мојс 3,21-22; 11,2-3; 12,34-35Ги изведе Израелците со сребро и злато, и немаше болен во племињата нивни.
382 Мојс 12,33; 15,16Се зарадува Египет поради нивното излегување, бидејќи го беше обзел страв од нив.
3978,14; 2 Мојс 13,21-22; 14,19-20; 4 Мојс 14,14; Неем 9,12Тој им простре облак како покрив и оган, за да им свети ноќе.
4078,24-29; 2 Мојс 16,4-15; 4 Мојс 11,31-32Бараа, и Тој им прати потполошки и со леб небесен ги наситуваше.
4178,15-16; 2 Мојс 17,1-7; 4 Мојс 20,2-13; Ис 48,21Расцепи камен и потекоа води, потекоа како река по безводната земја,
422 Мојс 2,24; 5 Мојс 7,8; Мих 7,20; Лк 1,54-55зашто се сети на Својот свет збор кон Авраам, Својот слуга.
43Па го изведе Својот народ со радост, Своите избрани – со веселба,
44и им даде незнабожечки земји, и така наследија плодови од други народи,
45за да ги чуваат наредбите Негови и да ги исполнуваат законите Негови. Алилуја!
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.