1 . И им рече Пилат на Јудејците: „Еве Го вашиот Цар!“
15Суд 8,23; 1 Сам 8,7Но тие викаа: „Земи, земи, распни Го!“ Пилат им рече: „Царот ваш ли да Го распнам?“ Првосвештениците одговорија: „Ние немаме цар, освен цезарот.“
16И тогаш им Го предаде за да биде распнат. И Го зедоа Исус, и Го поведоа.
Исусовото распнување(Мт 27,32-44; Мк 15,21-32; Лк 23,26-43)17 1 Мојс 22,6 И носејќи го Својот крст, Тој излезе на местото наречено Черепница, а по еврејски Голгота;
18Ис 53,12таму Го распнаа, а со Него и други двајца, од едната и од другата страна, а насреде – Исус.
1918,33; Мт 2,23Пилат, пак, напиша и натпис, и го кладе на крстот. А беше напишано: „Исус од Назарет, цар Јудејски.“
20Евр 13,12-13Овој натпис го читаа мнозина од Јудејците, бидејќи местото, каде што беше распнат Исус беше близу до градот; а беше напишано на еврејски, грчки и латински.
21Првосвештениците, пак, јудејски му рекоа на Пилат: „Не пишувај: Цар Јудејски, туку дека Тој рече: Јас сум Цар Јудејски.“
22Пилат одговори: „Што напишав, напишав.“
232 Мојс 28,32А војниците, кога Го распнаа Исус, ги зедоа алиштата Негови и ги разделија на четири дела, по еден дел на секого и хитонот. Хитонот, пак, не беше шиен, туку исткаен одозгора па додолу.
24Пс 22,19Тогаш си рекоа: „Да не го расипуваме, но да фрлиме за него ждрепка, чиј ќе биде“ – за да се збидне кажаното во Писмото: „Ги разделија алиштата Мои меѓу себе и за облеката Моја фрлија ждрепка.“ Така и направија војниците.
252,3; 20,1.18; Мк 15,40-41; Лк 2,5Покрај крстот Исусов стоеја мајка Му Негова и сестрата на мајка Му, Марија Клеопова, и Марија Магдалена.
262,4; 13,23; 20,2; 21,20А Исус, штом ја виде мајка Си, и ученикот кого посебно го љубеше, како стои, ѝ рече на мајка Си: „Жено, ете ти син!“
27Потоа му рече на ученикот: „Ете ти мајка!“ И од тој час ученикот ја зеде кај себе.
Исусовата смрт(Мт 27,45-56; Мк 15,33-41; Лк 23,44-49)28 5,39; Пс 22,15 По ова, знаејќи Исус дека сѐ е свршено, за да се исполни Писмото, рече: „Жеден сум.“
292 Мојс 12,22; 3 Мојс 14,4; Пс 51,8; 69,22Таму стоеше сад, полн со оцет. Тие наквасија сунѓер во оцетот, го закачија на трска и Му принесоа до устата Негова.
301,33; 17,1.4; Јов 19,26-27; Мт 20,22; Лк 12,50; 2 Тим 4,7; Откр 15,1А кога вкуси Исус оцет, рече: „Се сврши!“ И кога ја наведна главата, го предаде духот.
Крв и вода31 19,14; 2 Мојс 12,16; 5 Мојс 21,22-23; Гал 3,13 Бидејќи беше петок, Јудејците, за да не останат телата на крст во сабота, зашто во таа сабота беше голем ден, го замолија Пилат да им ги прекршат колената и да ги симнат.
32Тогаш дојдоа војниците и им ги прекршија колената на првиот, како и на вториот, што беа распнати со Него.
33А кога дојдоа до Исус и го видоа дека беше веќе умрен, не Му ги прекршија колената;
343,5; 7,37-39; 1 Мојс 4,10; 1 Јн 5,6-8но еден од војниците со копје Му ги прободе ребрата, и наеднаш истече крв и вода.
3515,26-27; 21,24И тој што виде – посведочи, и сведоштвото му е вистинско; и знае дека ја кажува вистината, за да поверувате вие.
362 Мојс 12,46; 4 Мојс 9,12; Пс 34,21Бидејќи ова стана за да се исполни Писмото: „Коска Негова нема да се прекрши.“
37Зах 12,10; Откр 1,7И друго Писмо пак вели: „Ќе погледнат на Оној Кого Го прободоа.“
Положувањето во гроб(Мт 27,57-61; Мк 15,42-47; Лк 23,50-56)38 7,13 Потоа Јосиф од Ариматеја, таен Исусов ученик, поради страв од Јудејците, го замоли Пилат да го симне телото и Пилат му дозволи. Тој дојде и го симна телото Исусово.
393,1; 7,50; Пс 45,8; Изреки 7,17; Мт 2,11А дојде и Никодим, кој порано беше отишол ноќе кај Исус, и донесе околу сто литри смеса од смирна и алој.
40Мк 14,8Го зедоа телото Исусово и го завиткаа во платно со мирисите, како што е обичај кај Јудејците да погребуваат.
41На она место, каде што беше распнат, имаше градина и во градината – нов гроб, во кој уште никој не беше полаган.
42Таму Го положија Исус поради петокот јудејски, зашто гробот беше близу.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.