Јован 2 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (66 книги)(MK2006)

Свадбата во Кана

1 .

7А Исус им рече: „Наполнете ги са­довите со вода!“ И тие ги наполнија до горе.

8Па им кажа: „Нацрпете сега и однесете му на старосватот!“ И му однесоа.

9И кога вкуси старосватот од виното, што беше станало од вода – а тој не зна­еше од каде е, но слугите, што ја беа до­неле водата, знаеја – тој го повика мла­доженецот,

10Лк 5,39и му рече: „Секој човек најнапред го изнесува доброто вино, а кога ќе се поднапијат гостите, тогаш полошото; но ти си го чувал доброто вино до сега.“

111,14; 2,23; 12,41; Ис 66,19; Мт 12,38Така направи Исус почеток на Своите чуда во Кана Галилејска и ја покажа славата Своја; и учениците Негови поверуваа во Него.

12Мт 4,13; Мк 3,31Потоа слезе во Капернаум, Тој и мајка Му, браќата Негови и учениците Негови; и таму остана неколку дена.

Исус го очистува храмот(Мт 21,12-13; Мк 11,15-17; Лк 19,45-46)

13 6,4; 11,55; 2 Мојс 12,1-27; 5 Мојс 16,1-6; Лк 2,41 Се приближуваше Пасха јудејска и Исус се искачи во Еру­са­лим;

14Мал 3,1-4и ги затече во храмот оние што про­даваа волови, овци и гулаби, и менува­чите на пари – како седат.

15И направи камшик од врвци, ги из­брка од храмот сите, и овците и во­ло­ви­те; а на менувачите им ги растури па­ри­те и ги испреврте масите,

16Зах 14,21; Лк 2,49па им рече на оние што продаваа гулаби: „Носете го тоа одовде, и од до­мот на Мојот Отец немојте да правите дом за трговија!“

17Пс 69,10Учениците, пак, Негови тогаш се сетија дека е напишано: „Ревноста за Твојот дом Ме изеде.“

184,48; 6,30; 20,29; Мт 12,38; Мк 8,11; 1 Кор 1,22А Јудејците одговорија и Му рекоа: „Со каков знак ќе ни докажеш дека го правиш тоа?“

19Мт 26,61; 27,40; Дела 6,14И им одговори Исус и рече: „Ур­не­те го овој храм и за три дни ќе го подигнам.“

20А Јудејците рекоа: „Овој храм е граден четириесет и шест години, а Ти за три дни ли ќе го подигнеш?“

21Мт 12,6; 1 Кор 6,19Но Тој говореше за храмот на Сво­ето тело.

2212,16; 14,26; 16,4; Рим 4,24А кога воскресна од мртвите, се се­тија учениците Негови дека за ова беше говорел, и поверуваа на Писмото и на зборот, што го беше рекол Исус.

Исус ја знае човечката природа

23 7,31; 11,47-48 И кога беше во Ерусалим на праз­никот Пасха, мнозина, гледајќи ги чу­десните знаци Негови, што ги правеше, поверуваа во Неговото име.

246,15; 16,30Но Самиот Исус не им се доверува­ше, бидејќи ги познаваше сите,

2513,11; Мк 2,8и немаше потреба никој да Му све­дочи за човекот, бидејќи Самиот знаеше што има во човекот.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help