Лука 24 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (66 книги)(MK2006)

Исусовото воскресение(Мт 28,1-10; Мк 16,1-8; Јн 20,1-10)

1 .

14И зборуваа меѓу себе за сите овие настани.

15Мт 18,20И додека расправаа и разговараа еден со друг, Самиот Исус се приближи и одеше со нив;

16Јн 20,14; 21,4но очите им се замрежија за да не Го познаат.

17А Тој им рече: „Какви се тие збо­ро­ви што ги разменувате меѓу себе одејќи и зошто сте нажалени?“

18Едниот од нив, по име Клеопа, Му одговори и рече: „Единствен туѓинец ли си ти во Ерусалим, та не си разбрал што се случи во него овие дни?“

19Мт 2,23; 16,14; 21,11; Дела 7,22И го праша: „Што?“ Тие Му одгово­рија: „Она што се случи со Исус од На­зарет, Кој беше пророк, силен на дело и на слово, пред Бога и пред сиот народ;

20дека нашите првосвештеници и управници Го предадоа да биде осуден на смрт и Го распнаа;

211,54.68; 2,25.38; Дела 1,6а ние се надевавме дека е Тој Оној што треба да го избави Израел; но и по­крај сето тоа, денес е веќе трет ден, от­како се случи ова.

22Мт 28,1; Јн 20,1А и некои жени од нашите нѐ запрепастија; тие биле рано на гробот,

2324,9и не го нашле телото Негово; и кога се вратија, рекоа дека им се јавиле ан­ге­ли и дека им кажале дека е Тој жив.

24Јн 20,3-8Отидоа на гробот и некои од на­шите и го најдоа истото она, како што рекоа жените; но Него не Го виделе.“

25Тогаш им рече: „О, безумни! Ср­це­то ви е споро за да поверувате во сѐ што рекле пророците!

26Јн 13,31-32; Дела 3,13Не требаше ли така да пострада Христос и да влезе во Својата слава?“

2716,16.29-31; 24,44; 1 Птр 1,11Па, како почна од Мојсеј и од сите пророци, им зборуваше што е кажано за Него во целото Писмо.

28Мк 6,48И тие се приближија до селото во кое одеа; а Тој се направи како да сака да продолжи.

29Суд 19,9; Дела 16,15Но тие Го задржаа, велејќи: „Ос­та­ни со нас, зашто денот одмина и наскоро ќе се стемни!“ Тој влезе и остана со нив.

3022,19; 1 Кор 11,24А кога седеше со нив на трпеза, зе­де леб, го благослови, го прекрши и им подаде.

31Тогаш им се отворија очите и тие Го познаа; но Тој стана невидлив за нив.

32Пс 39,3И си рекоа еден на друг: „Зар не го­реа срцата наши, кога ни зборуваше по патот и кога ни го објаснуваше Пис­мо­то?“

33Па во истиот час станаа, се вратија во Ерусалим и ги најдоа собрани Еди­на­есетте и оние кои беа со нив,

341 Кор 15,4-5каде што говореа дека Господ на­вис­тина воскреснал и му се јавил на Си­мон.

351 Мојс 42,29; Дела 20,7И тие кажаа за она што им се случи по патот и како Го познаа, кога го пре­кршувал лебот.

Појавување пред учениците(Мт 28,16-20; Мк 16,14-18; Јн 20,19-23; Дела 1,6-8)

36 1 Кор 15,5 Додека тие уште зборуваа за тоа, Самиот Исус застана сред нив и им ре­че: „Мир вам!“

37Мт 14,26А тие, така збунети и уплашени, помислија дека гледаат дух.

38Но Тој им рече: „Што се плашите и зошто такви мисли влегуваат во срцата ваши?

39Видете ги рацете Мои и нозете Мои: Јас сум Истиот; допрете се до Ме­не и гледајте; зашто духот нема тело и коски, а, како што гледате, Јас имам.“

40А кога го рече тоа, им ги покажа рацете и нозете.

41Но, додека тие од радост уште не веруваа и се чудеа, Тој им рече: „Имате ли овде нешто за јадење?“

42Тие Му дадоа парче печена риба и мед со саќе.

43И кога зеде, јадеше пред нив.

44Па им рече: „Ете, тоа е она за што ви зборував уште додека бев со вас, зашто треба да се исполни сѐ што е напишано за Мене во Законот Мојсеев и кај Пророците, и во Псалмите.“

45Тогаш им го отвори умот за да ги разбираат Писмата,

46и им рече: „Така е напишано и така требаше да пострада Христос и да воскресне од мртвите на третиот ден,

47и да биде проповедано во Негово име покајание и проштавање на гре­во­вите кај сите народи, почнувајќи од Ерусалим;

48а вие сте сведоци за ова.

49И ете, Јас ќе го испратам врз вас ве­тувањето од Мојот Отец; а вие останете во градот Ерусалим, додека не се об­ле­чете во сила одозгора.“

Христовото вознесение(Мк 16,19-20; Дела 1,9-11)

50И ги изведе надвор до Витанија, па кога ги подигна рацете, ги благослови.

51И додека ги благословуваше, се од­дели од нив и се вознесе на небото;

52тие Му се поклонија и се вратија во Ерусалим со голема радост.

53И беа постојано во храмот, каде што Го прославуваа и благословуваа Бога.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help