Исаија 9 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (66 книги)(MK2006)

Крај на војните

1 Мих 7,8; Лк 1,78-79; Јн 8,12; Ефес 5,8 Народот, кој оди во темнина, ќе види голема светлина; врз оние што живеат во земјата на смртната сенка, ќе болсне светлина.

226,15; Пс 4,7; 119,162; 126,6; 132,9Ти ќе го умножиш народот, ќе ја зголемиш радоста негова. Тој ќе се ве­сели пред Тебе, како што се веселат за време на жетва, како што се радуваат при делење на плен.

310,26-27; 14,5.25; Суд 7,15-25; Ер 30,8Зашто јаремот, кој му тежеше, и же­золот што го поразуваше, и стапот на неговиот угнетувач – Ти ќе ги скршиш, како во денот на Мидјан.

4Ез 39,9; Пс 46,9; 76,4Зашто секоја војничка обувка во време на војна и облека, извалкана од крв, ќе бидат предадени на изгорување, за храна на огнот.

За Месијата

5 7,14; 1 Мојс 3,15; 49,10; 4 Мојс 24,17; Мих 5,1-3; Зах 9,9; Пс 110,2; Лк 2,11; Јн 3,16 Зашто дете ни се роди – Син ни се даде; власта е на рамењата Негови, и ќе Го наречат: Чудесен Советник, Бог си­лен, Отец вечен, Кнез на мирот.

62 Сам 7,16; Пс 72,7; Лк 1,32-33; 2,14Неговата власт и мирот бескраен ќе растат врз престолот на Давид и во цар­ството негово, за да го утврди Тој и да го зацврсти преку суд и правда отсега па довека. Тоа ќе го направи ревноста на Господ Саваот.

Казна за Израел

7 55,10-11; Ер 23,29 Господ му испраќа слово на Јаков, тоа слегува врз Израел,

85,19; Ос 7,10за да знае сиот народ, Ефрем и жителите на Самарија, кои со гордост и надуено срце велат:

9Мал 1,4; Изреки 16,18„Тулите паднаа, – ќе градиме со делкани камења; смоквите се исе­чени, – ќе ги замениме со кедри.“

107,16Ќе се крене Господ против него и непријателите на Рецин, ќе ги воо­ружи непријателите негови;

115,25; 10,4; Ер 10,25; Мих 3,3; Авак 1,13; Изреки 30,14Арамејците откај исток, Филистеј­ците откај запад; ќе го голтнат Израел со полна уста. При сето тоа гневот Не­гов нема да се одврати и раката Негова ќе остане протегната.

1231,1; Ер 5,3-6; Ос 7,10-15; Амос; 4,6-11; Соф 1,6Но народот не се обраќа кон Оној, Кој го бие и не прибегнува кон Господ Саваот.

1319,15; 5 Мојс 28,13.44Господ ќе му ја пресече на Израел главата и опашката, палмата и трската во еден ден:

1428,7; 30,10; Ер 14,14; Плач 2,14старецот и големецот – тоа е гла­вата; а пророкот – лажниот учител, е опашот.

153,12Водачите на овој народ ќе го доведат во заблуда, а водените од нив ќе за­гинат.

16Ер 18,21Затоа Господ нема да ги поштеди момчињата негови, и нема да се смили над сираците негови и вдовици­те не­гови; зашто сите тие се лицемери и зло­дејци, и устата на сите зборува нечесно. При сето тоа гневот Негов нема да се одврати и раката Негова ќе остане протегната.

1733,11-12; Јк 3,6Зашто беззаконието како оган се разгорело, голтнува глог и трн и гори во горските гасталаци, се креваат столбови од дим.

1810,6; 33,12Гневот на Господ Саваот ќе ја изгори земјата, народот ќе стане како храна за огнот, човек нема да го по­жали братот свој.

193,5; 49,26; Ер 19,9; Мих 7,5-6; Зах 11,9Ќе лапаат надесно – и ќе си оста­нат гладни; ќе јадат налево – и нема да се наситат; секој ќе го јаде месото од својата мишка:

207,1Манасија – Ефрем, и Ефрем – Ма­насија, обајцата заедно – Јуда. При сето тоа нема да се одврати гневот Негов, и раката Негова ќе остане протегната.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help