Езекиел 8 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (66 книги)(MK2006)

Второ видение на Езекиел. Идолопоклонството во Ерусалим

1 1,3 Во шестата година, во шестиот месец, на петтиот ден од месецот, седев дома, и старешините јудејски седеа пред Мене, и се спушти таму врз мене раката од Господ Бог.

21,26-28И погледнав; а тоа подобие на маж слично на оган, и од крстот надолу оган, а од крстот негов угоре – некаква светлина слична на светлина од пламен.

33,12; 5 Мојс 32,21И како да ја протегна раката своја и ме фати за косата на главата моја, и духот ме подигна меѓу земјата и небото и ме поведе во Божји виденија во Еру­салим, при влезот на внатрешната вра­та, свртена кон север каде што беше поставен идолот на љубомората, кој по­будува љубомора.

41,28И, ете, таму беше славата на Бог Израелов, слична на онаа каква што видов во полето.

5И ми рече: „Сине човечки, подигни ги очите свои кон север!“ Ги подигнав очите свои кон север, а од северната страна кај вратата на жртвеникот, пред влезот нејзин беше идолот на љубомората.

610,18; 11,23И ми рече Тој: „Сине човечки, гле­даш ли што прават; ги гледаш ли го­лемите гадотии, што се вршат тука во домот Израелов, за да се оддалечат од Моето светилиште? Но сврти се, и ќе видиш уште поголеми одвратности.“

7И ме доведе кај влезот во дворот, па погледав, а таму дупка во ѕидот.

8И ми рече: „Сине човечки, копни во ѕидот.“ Јас копнав во ѕидот и ете таму видов некаква врата.

9И пак ми рече: „Влези и види одвратни гадотии што се вршат таму.“

10Влегов и гледам, а тоа секакви сли­ки на животни што се влечат, и нечисти животни, и секакви идоли, во домот Израелов, насликани по ѕидовите нао­колу.

11И седумдесетмина мажи од старе­шините на домот Израелов стојат пред нив, а Јаазанјаху, синот Сафанов, поме­ѓу нив; и кај секого од нив во раката – кадилница, и густ облак од кадиво се издигаше угоре.

12Ис 29,15; Пс 10,11; Јов 22,13И ми рече: „Гледаш ли, сине човеч­ки, што прават во темнина старе­шините на домот Израелов, секој во својата изнашарена соба, зашто велат: ‚Не нѐ гледа Господ, Господ ја остави оваа земја.‘“

13И пак ми рече: „Сврти се и ќе ви­диш уште поголеми гадотии, што ги прават тие.“

14И ме доведе до влезот на вратата од домот Господов, кој е кон север, и ете, таму седат жени, што го оплакуваа Тамуз,

15и ми рече: „Гледаш ли, сине чо­вечки, сврти се и ќе видиш уште пого­леми гадотии.“

162 Цар 21,5; 23,5.11Па ме воведе во внатрешниот двор на домот Господов, а таму пред вратата на храмот Господов, меѓу тремот и жртвеникот, до дваесет и пет мажи стојат со грбот кон храмот Господов, а со лицето кон исток и се поклонуваат на сонцето кон исток.

17И ми рече: „Гледаш ли, сине човеч­ки. Малку ли е тоа за домот Јудин, да вршат такви гадотии, какви што се вршат овде? Но тие и земјата ја наполнија со бесчестие, и двојно Ме разгневуваат, и, ете, тие принесуваат гранки под носевите свои.

185,11; Ер 11,11Затоа и Јас ќе почнам да дејствувам со јароста; окото Мое нема да зажали и нема да се смилува; па макар тие да викаат со силен глас на ушите Мои – нема да ги чујам.“

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help