Захарија Вовед - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (66 книги)(MK2006)

ВоведКнигата на пророкот Захарија се состои од три дела:Првиот дел (1–8) датира од 520 до 518 година пр. Христос. Во овој дел се опишани осум виденија кои се однесуваат на обновата на ерусалимскиот храм, по враќањето на Јудејците од вавилонското заробеништво. Потоа, обновата на Ерусалим, очистувањето на народот и на месијанската ера претскажана за во иднина.Вториот дел од книгата (9–11) говори за казната што ќе им дојде од Господ на сите што Му се неверни: како Јудејци, така и припадници на околните на­роди.Третиот дел (12–14) ги пренесува пораките од Господ до Захарија, а кои се однесуваат на иднината. Се претскажува дека Ерусалим и Јудеја ќе бидат напаѓани од многу народи, при што голем број Јудејци ќе изгинат. Сепак, Господ ќе интервенира и ќе го избави Својот народ од уништување. Народот ќе Му се врати на Господ, а Тој ќе им прости. Исто така, Господ им ветува дека еден ден Тој ќе им подигне Цар – Месија. Евангелистите Матеј и Јован ги цитираат овие делови од Книгата на пророкот Захарија и ги применуваат на Исус Христос (види Мт 21,4-5 и Јн 19,37).
Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help