Исаија 13 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (66 книги)(MK2006)

Вавилон ќе биде казнет

1Пророштво за Вавилон, што го изрече Исаија, синот на Амоц.

25,26; Ер 51,25„Кренете знаме на гола планина, издигнете глас, мавнете им со рака да навлезат низ кнезовските порти.

3Јоил 4,9Јас им дадов повелба на Моите избраници и ги повикав да го исполнат гневот Мој Моите јунаци, кои се радуваат на величието Мое.

4Ер 49,14; Јоил 4,9; Пс 2,1Голем шум има по планините, како божем од многуброен народ, бунтовен шум на царства и народи, собрани заедно, Господ Саваот ја прегледува готовата војска за војна.

5Ер 50,25Идат од далечна страна, од крајот на небото, Господ и орудијата на Неговиот гнев, за да ја сотрат целата земја.

6Ез 30,2-3; Јоил; 1,13-15; Амос 5,18Липајте, зашто денот Господов е близу, – иде како разурнувачка сила од Семоќниот.

7Ер 6,24; Ез 7,17Затоа рацете на сите ќе папсаат, срцето на секој човек ќе се стопи.

821,3; 26,17; 29,9; Ер 4,31; Авак 1,5; Јов 26,11Тие ќе се исплашат, грчеви и болки ќе ги опфатат; ќе се мачат како родилка, зашеметени ќе гледаат едни во други, лицата ќе им пламнат.

Ќе нема милост

9 34,8; Ер 4,7; Јоил 3,4; Наум 1,6; Соф 1,15 Ете, денот Господов доаѓа лут, со гнев и пламната јарост, за да ја прет­вори земјата во пустина и да ги истреби од неа грешниците нејзини.

10Ер 4,23; Ез 32,7; Амос 8,9; Јов 9,9; Мт 24,29Ѕвездите небески и светилата нема да даваат од себеси светлина; сонцето ќе се замрачува при изгревањето свое; и месечината нема да свети со светлината своја.

112,11; 25,4-5; 29,5; Пс 54,4Јас ќе го казнам светот за злото, и нечесните – за нивните беззаконија; ќе го премавнам високоумството на гор­дите и ќе ја понизам надуеноста на уг­нетувачите;

121 Цар 9,28; Пс 45,9; Јов 22,24ќе направам така, што луѓето да бидат поретки од чисто злато, а мажите – поретки од офирско злато.

13Агеј 2,6; Јов 9,6; 26,11Затоа ќе го затресам небото, земјата ќе се помести од местото свое поради јароста на Господ Саваот, во денот на пламнатиот гнев Негов.

14Ер 50,16; 51,9; Ез 34,5; Мк 6,34Тогаш секој како подгонета срна и како напуштена овца ќе се врати кон народот свој, секој ќе избега во земјата своја.

15Ер 51,20-23; Ос 14,1; Зах 12,10Кого ќе го стасаат, ќе биде прободен; и кого ќе го фатат, ќе загине од меч.

162 Цар 8,12; Ос 10,14; Зах 14,2; Пс 137,9Новороденчињата нивни ќе бидат смачкани пред очите нивни; куќите нивни ќе бидат разграбени, и жените нивни обесчестени.

1745,13; Ер 51,11Ете, Јас ќе ги кренам против нив Мидијците, кои не го ценат среброто и не лакомат за злато.

18Ер 51,3; Мих 6,7Нивни лакови ќе ги поразат младите и нема да сожалат ни плод во утроба; очите нивни нема да се смилуваат над децата.

Господ ќе го уништи Вавилон

19 Ер 49,18; 51,41; Соф 2,9 И Вавилон, украсот на царствата, гордоста на Халдејците, ќе биде со­борен од Бога, како Содом и Гомора,

2034,10-17нема да се насели никогаш, во него нема да има жители од род во род; нема Арапин да го распне шаторот свој, ов­чари таму со стадата свои нема да пладнуваат.

213 Мојс 17,7; Ер 50,39; Откр 18,2Но во него ќе живеат ѕверови; бувови ќе се населат во нивните домови, и јарци ќе потскокнуваат и ќе играат.

2234,13; Ер 50,39; Ез 22,4; Пс 102,13Чакали ќе вијат во дворците нивни и хиени во домовите за веселба. А ќе дојде неговото време, близу е, деновите негови нема да задоцнат.“

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help