1Браќа, желбата на моето срце и на мојата молитва кон Бога за Израел е за негово спасение.
2Дела 22,3; 1 Тим 1,13Јас им сведочам дека тие имаат ревност за Бога, но не според сознанието.
39,31-32; Лк 16,15; 18,9-14; Фил 3,9Зашто, не знаејќи за Божјата праведност и тежнеејќи да воспостават своја сопствена праведност, тие не ѝ се подредија на Божјата праведност,
4Мт 5,17; Јн 3,18; Дела 13,39; Гал 3,24; Евр 8,13бидејќи крајната цел на Законот е Христос, за да биде оправдан секој што во Него верува.
Спасението доаѓа до секој човек што верува во Господ5 3 Мојс 18,5; Гал 3,12 Мојсеј пишува за праведноста на Законот: „Кој ќе го исполни, тој ќе биде преку него жив.“
65 Мојс 30,12-14
9,30; 5 Мојс 9,4А праведноста од верата вели: „Да не речеш во срцето свое: Кој ќе се искачи на небото?“, што значи да се симне Христос,7или: „Кој ќе слезе во бездната?“, што значи да се изведе Христос од мртвите!
8А што вели таа? – „Блиску до тебе е словото, во твојата уста и во твоето срце“, односно словото на верата, што го проповедаме,
9Дела 16,31; 1 Кор 12,3; Фил 2,11зашто, ако со устата исповедаш дека Исус е Господ и во срцето свое поверуваш дека Бог Го воскресна од мртвите, ќе се спасиш;
10бидејќи со срцето се верува за оправдание, а со устата се исповеда за спасение.
119,33; Ис 28,16А и Писмото вели: „Секој кој верува во Него, нема да се посрами.“
121,16; Дела 10,34.36; Гал 3,28Нема разлика меѓу Јудеец и Елин, зашто еден и ист е Господ на сите, богат за сите кои Го повикуваат.
13Јоил 3,5; Дела 2,21Бидејќи секој кој ќе го повика името Господово, ќе биде спасен.
14Евр 11,6Но како да Го повикаат Оној во Кого не поверувале? Како, пак, да поверуваат во Оној за Кого не слушнале? А како да слушнат, ако нема кој да проповеда?
15Ис 52,7; Наум 2,1И како да проповедаат, ако не бидат испратени, како што е напишано: „Колку им се прекрасни нозете на оние, што благовестат мир, што го благовестат доброто.“
161,5; Ис 53,1; Јн 10,26; 12,38; 2 Сол 1,8; Евр 4,2Но Евангелието сите не го послушаа. Зашто Исаија вели: „Господи, кој поверува во она што го проповедавме?“
17Јн 17,8.20Затоа, верата доаѓа од слушањето на пораката, а пораката – од Божјото слово.
18Пс 19,5Но велам: зар тие не слушнаа? Напротив. „Гласот им се разнесе по целата земја, и зборовите нивни – до краиштата на вселената.“
1911,11-14; 5 Мојс 32,21Пак велам: зар Израел не разбра? Најнапред Мојсеј кажа: „Јас ќе ве раздразнам до љубомора со оние кои не се народ; со неразумен народ ќе ве разгневам.“
209,30; Ис 65,1А Исаија се осмели да каже: „Ме најдоа оние кои не Ме бараа, им се открив на оние, кои не прашаа за Мене.“
21Ис 65,2За Израел, пак, вели: „Постојано ги подавав рацете Свои кон народ непослушен и бунтовен.“
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.