1 Рим 12,10 Взаемната љубов нека пребива меѓу вас!
21 Мојс 18,2-3; 19,1-3; Суд 6,11; 13,3; Рим 12,13Гостољубивоста не запоставувајте ја, бидејќи преку неа некои, и не знаејќи, им укажаа гостопримство на ангели.
310,34; 11,36; Мт 25,36; 1 Кор 12,26Помнете ги затворениците, како да сте со нив затворени, и оние што страдаат, зашто и самите сте во тело.
41 Кор 6,9.13; Ефес 5,5; Откр 22,15Бракот да се почитува од сите, и брачното легло да се пази неосквернето; а блудниците и прељубниците ќе ги суди Бог.
51 Мојс 28,15; 5 Мојс 31,6; 31,8; Ис.Н. 1,5; Фил 4,11; 1 Тим 3,3; 6,6-10Немојте да бидете среброљупци и задоволувајте се со она што го имате. Зашто Тој рекол: „Нема да те оставам, ниту, пак, ќе те напуштам“;
6Пс 118,6така што слободно да велиме: „Господ ми е помошник, и нема да се плашам; што може да ми направи човек?“
713,17.24; 1 Кор 11,1Помнете ги и вашите учители, што ви го проповедаа словото Божјо и, имајќи го пред очи исходот на нивниот живот, подражавајте ја верата нивна.
81,12; 7,24Исус Христос е ист вчера, и денес, и во вечни векови.
97,18; 9,10; Рим 14,17; 1 Кор 8,8; Ефес 4,14Не бидете завлечени од разни туѓи учења; зашто е добро со благодат да се поткрепува срцето, а не со уредби за јадења, од кои немаа никаква полза оние што ги применуваа.
107,13; 8,4-5; 1 Кор 9,13; 10,18Ние имаме жртвеник од кого немаат право да јадат оние што ѝ служат на скинијата,
113 Мојс 16,15.27бидејќи телата на животните, чија крв првосвештеникот ја внесува во светилиштето за очистување на гревовите, се изгоруваат надвор од живеалиштето.
1210,10; Јн 19,17.20; Ефес 5,26Затоа и Христос, за да ги освети луѓето со крвта Своја, пострада надвор од градските порти.
1311,26; Лк 9,23И така, да Му пристапуваме надвор од живеалиштето, носејќи ја Неговата поруга,
1411,10; 1 Кор 7,29-31; Фил 3,20бидејќи овде немаме постојан град, туку го очекуваме оној што ќе дојде.
15Ис 57,19; Ос 14,3; Пс 34,1; 50,14.23; Дела 2,21; Рим 10,9; 1 Птр 2,5Преку Него, пак, секогаш да Му принесуваме на Бога пофална жртва, односно плод од усните што го прославуваат името Негово.
16Дела 4,32; Фил 4,18А добродетелството и милосрдноста не ги заборавајте, зашто такви жртви Му се благоугодни на Бога.
17Ез 3,18; Дела 20,28; 1 Кор 16,16; 1 Сол 5,12Покорувајте им се на учителите ваши и бидете им послушни, зашто тие, бидејќи се задолжени да одговараат, бдеат за вашите души, – та со радост тоа да го вршат, а не со воздишки, зашто тоа не е полезно за вас.
18Дела 23,1; Рим 15,30; 2 Кор 1,12; 1 Тим 3,9Молете се за нас, зашто сме уверени дека имаме добра совест, грижејќи се во сѐ добро да постапуваме.
19Фил 1,22Уште повеќе ве молам да го вршите ова, та поскоро да се вратам меѓу вас.
Завршна молитва20 7,22; Ис 55,3; 63,11; Ер 32,40; 50,5; Ез 34,23; 37,26; Јн 10,11; 1 Птр 2,25; 5,4 А Бог на мирот, Кој преку крвта на вечниот завет Го воздигна од мртвите големиот Пастир на овците – нашиот Господ Исус Христос,
2110,9.36; 12,28; Рим 16,24; 2 Кор 5,9; Фил 2,13; 1 Јн 3,22нека ве усоврши во секое добро дело за да ја исполните Неговата волја, вршејќи го во вас она што Му е Нему благоугодно, преку Исус Христос, Нему слава во вечни векови, Амин!
2210,25; 1 Птр 5,12Ве молам, браќа, трпеливо примете го ова поучно слово: зашто накратко и ви напишав и испратив.
23Дела 16,1Знајте дека братот Тимотеј е ослободен, со кого, ако дојде навреме, ќе ве видам.
24Поздравете ги сите ваши учители и сите светии! Ве поздравуваат браќата што се од Италија.
25Кол 4,18; Тит 3,15 Благодат со сите вас. Амин!
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.