Агеј Вовед - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (66 книги)(MK2006)

ВоведКнигата на пророкот Агеј претставува збирка од повеќе куси пораки од Господ, упатени преку пророкот Агеј, во 520 година пред Христос. Таа година, голем број Јудејци се вратиле во својата земја по долгогодишното прогонство во Вавилон. Побогатите се снашле, но голем дел од народот се измачувал во сиромаштија. Господ им порачува преку пророкот Агеј дека причината за тешкиот живот е во тоа што тие не го обновиле Божјиот храм, кој лежел во урнатини. Тоа покажувало дека тие немаат многу почит кон Господ, а како последица, Господ не им дал благослов.Вавилонците го разурнале храмот во Ерусалим во 587 година пред Христос. По педесетина години, во 538 година Јудејците започнале да го обновуваат храмот, но набргу се обесхрабриле во работата. Во времето на пророкот Агеј, се повторила истата ситуација. Затоа Господ го охрабрува Зоровавел да остане доследен во обновата на храмот, со ветување од Господ дека новиот храм ќе ја надмине славата на поранешниот. Тогаш народот се посветил на обнова на храмот, а Господ им го ветува Својот благослов.
Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help