1 Јк 1,21 Отфрлете, пак, од себеси секаква пакост и секаква измама, и лицемерство, и завист, и секакво клеветење,
2Мк 10,15; 1 Кор 3,2како новородени деца бидете желни за вистинско и духовно млеко, та во него да пораснете за спасение,
3Пс 34,9бидејќи вкусивте дека Господ е добар.
Основање и мисија на црквата4 2 Мојс 19,23; Мт 21,42; Дела 4,11 Пристапете кон Него, живиот камен, од луѓето отфрлен, но од Бога избран, драгоцен,
5Рим 12,1; 1 Кор 3,16; Ефес 2,20-22; Евр 13,15вие кои како живи камења сте вградени во духовен дом, свештенство свето, за да принесете духовни жртви кои Му се на Бога пријатни преку Исус Христос.
6Ис 28,16; Рим 9,33; 10,11Зашто во Писмото стои напишано: „Еве, на Сион поставувам камен темелник, одбран и скапоцен; и кој верува во Него, нема да се посрами!“
7Пс 118,22; Мт 21,42Вам, пак, кои верувате, Тој ви е чест, а за неверниците – „Каменот што го отфрлија ѕидарите, стана камен темелник“,
8Ис 8,14; Рим 9,33камен од кој тие се сопнуваат и камен на кој паѓаат, зашто не му се покоруваат на словото; за тоа се тие и одредени.
92 Мојс 19,5-6; Ис 43,20-21; Мал 3,17; Дела 26,18; Рим 3,24; 2 Кор 4,6; Ефес 1,14; 5,8; Кол 1,12-13; 3,12; 1 Сол 5,4; Откр 1,6Но вие сте избран род, царско свештенство, свет народ, луѓе придобиени за да ги возвестите совршенствата на Оној Кој ве повикал од темнина во Својата чудесна светлина;
10Ос 1,6.9; 2,3.25; Рим 9,25-26вие, кои некогаш не бевте народ, а сега сте народ Божји; кои не бевте помилувани, а сега сте помилувани.
За однесувањето на христијаните меѓу незнабошците11 1 Мојс 23,4; Пс 39,12; Гал 5,17.24; Евр 11,13; Јк 4,1 Возљубени, ве молам, како придојдени и гости, да се пазите од телесните похоти што војуваат против душата.
123,16; Ис 10,3; Мт 5,16Однесувајте се достојно меѓу незнабошците, па тие, кога ве напаѓаат како злотворци, штом ќе ги видат вашите добри дела, да Го прослават Бога во денот на посетата.
Должноста на христијаните кон оние кои се на власт13И така, покорувајте се на секоја човечка власт, поради Господ: било на цар, како на врховна власт,
14било на управители на Негови пратеници за да ги казнат злосторниците, а за да ги пофалат добротворците!
153,16Зашто, таква е волјата Божја, – со добротворство да го замолкнуваме незнаењето на безумните луѓе,
16Гал 5,13; Јуда 1,4како слободни, а не како такви што ја употребуваат слободата како покривка за вршење зло, туку – како слуги Божји.
17Изреки 24,21; Мт 22,21Почитувајте го секого, браќата сакајте ги, имајте страхопочит кон Бога, царот почитувајте го!
Должноста на слугите кон своите господари18 Ефес 6,5; 1 Тим 6,1; Тит 2,9 Слуги, покорувајте им се на господарите свои, не само на добрите и кротките, туку и на лошите!
193,14; 4,14; Јк 5,7-11Зашто, тоа ви оди во прилог, ако некој, од сознание за Бога, поднесува скрб, страдајќи несправедливо.
203,14.17; 4,14Зашто, каква е пофалбата, ако трпите кога ве тепаат поради престапи? Но, ако трпите кога правите добро и страдате, тоа Му е угодно на Бога.
21Мт 16,24; Јн 13,15Бидејќи вие сте за тоа повикани, зашто и Христос пострада за вас, оставајќи ни пример за да врвиме по Неговите стапки:
22Ис 53,9; Јн 8,46; 2 Кор 5,21; 1 Јн 3,5.9Тој не направи грев, ниту, пак, во устата Негова се најде измама;
23Мт 5,39; 26,62; Рим 12,19кога на Него хулеа, Тој не им одвраќаше со хули; кога страдаше, не се закануваше, туку се потпираше на Оној Кој праведно суди.
24Ис 53,4.5.12; Рим 6,11.18; Евр 9,28Тој сам ги носеше нашите гревови на крстот во телото Свое, та ослободени од гревовите да живееме за правдата: „Преку Неговата рана се исцеливте.“
25Ис 53,6; Ез 34,5-6; Мт 9,36Зашто бевте како овци изгубени, кои немаат пастир, но сега се обративте кон Пастирот и Чуварот на вашите души.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.