1 .
121 Цар 9,20-21Манасиевите синови не можеа да ги изгонат жителите на тие градови и Хананците останаа да живеат во таа земја.
13Суд 1,28Кога, пак, Израеловите синови се зацврстија, им наметнаа данок на Хананците, но не ги избркаа.
Ефрем и западното племе на Манасија бараат повеќе земја14 4 Мојс 26,28-37 Јосифовите синови му се противставија на Исус и рекоа: „Зошто ни даде наследство само со едно фрлање на ждрепката, односно само еден дел, кога сме ние многубројни, бидејќи така нѐ благословувал Господ досега?“
152 Сам 18,6Исус им одговори: „Ако сте многубројни, одете во гората и таму, во земјата на Перизијците и Рефаимците, расчистете си место, штом Гората Ефремова ви е тесна.“
16Суд 1,19; 4,3.13Јосифовите синови рекоа: „Гората Ефремова не ни е доволна; а сите Хананци, што живеат во долината, имаат железни коли, како оние, што се во земјата Бет-Шан и во селата нивни, така и оние, што се во Јизреелската долина.“
17Но Исус му рече на Јосифовиот дом, на Ефрем и на Манасија: „Кога си многуброен и имаш голема сила, нема да останеш само со една ждрепка;
18Ез 48,5и гората нека биде твоја, и неа ти ќе ја расчистиш, и таа ќе биде твоја до самиот крај; бидејќи ти ќе ги истераш Хананците, иако тие имаат железни коли, иако се силни.“
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.
