Излез 14 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (66 книги)(MK2006)

Фараонот го прогонува народот на Израел

1И Господ му рече на Мојсеј, велејќи:

214,9; 4 Мојс 33,7-8; Ез 29,10„Кажи им на синовите израелски да свртат и да се улогорат пред Пи-Хахирот и меѓу Мигдол и морето, пред Ваал-Цефон. Спроти него улогорете се крај морето.

3И така фараонот ќе рече за синовите израелски: ‚Заскитале во таа земја, пустината ги затворила.‘

44,21; 9,16; 14,8.17.23; Ез 32,15; Рим 9,17А Јас ќе направам да се ожесточи срцето на фараонот, и тој да појде во потера по нив. Но Јас ќе се прославам над фараонот и над сета негова војска. И Египќаните ќе познаат дека Јас сум Господ.“ Тие така и направија.

5Пс 105,25А кога му соопштија на египетскиот цар дека народот избегал, се измени срцето на фараонот и слугите негови спрема народот, па рекоа: „Што направивме, па ги пуштивме синовите израелски, та да не ни работат повеќе?“

6И ја впрегна фараонот колата своја, и сиот народ го поведе со себе;

715,4зеде шестотини коли по избор и колку што уште имаше египетски коли, со нивните началници.

811,10; Дела 13,17А Господ направи, та се ожесточи срцето на фараонот, царот египетски, и тргна во потера по синовите израелски; но синовите на Израел врвеа под силна рака.

914,2.6-7.25; 15,9; Ис.Н. 24,6; Ис 43,17И се впуштија по нив Египќаните, и сите коњи фараонови со колите, и коњаниците и сета војска негова, и ги најдоа крај морето, во близина на Пи-Хахирот, спроти Ваал-Цефон.

10Ис.Н. 24,7; Пс 34,17; 50,15; 107,28; Неем 9,9А кога наближи фараонот, се обѕрнаа синовите израелски, и што ќе видат: ете, Египќаните идат по нив! И синовите израелски се уплашија многу, па извикаа кон Господ,

115,21; 16,3; 17,3; 4 Мојс 11,4-6; 14,1-4; 20,2.4; 21,4-5; Пс 106,7и му рекоа на Мојсеј: „Зар немаше гробови во Египет, туку нѐ изведе овде да изгинеме во пустината? Што ни направи? Зошто нѐ изведе од Египет?

125,21; Пс 106,7Нели ти го кажавме ова и во Египет, кога ти рековме: ‚Остави нѐ, да им служиме на Египќаните?‘ Зашто подобро ќе ни беше да им робуваме на Египќаните, отколку да изгинеме во пустинава.“

1314,30; 1 Мојс 15,1; 1 Сам 12,16; 2 Лет 20,17; 4,8А Мојсеј му рече на народот: „Не плашете се, застанете и ќе видите како Господ ќе ве спаси денес: Египќаните, како што ги гледате денес, нема повеќе никогаш да ги видите довека.

1414,25; 15,3; 5 Мојс 1,30; 3,22; 20,4; Ис.Н. 10,14; 23,3.10; Ис 30,15; Пс 37,7; Неем 4,14; 2 Лет 20,29Господ ќе се бори за вас, а вие бидете спокојни.“

Бог прави пат низ морето

15 Пс 105,37-45; 106; 114 И Господ му рече на Мојсеј: „Зо­што викаш кон Мене? Кажи им на синовите на Израел нека врват.

164,2; 14,21; Ис 10,26; 1 Кор; 10,1-2А ти земи го стапот свој и протегни ја раката своја врз морето, и раздели го, и нека минат синовите израелски, среде море по суво.

174,21; 14,4Но, ете, Јас ќе го ожесточам срцето на сите Египќани, и тие ќе тргнат по нив. А Јас ќе ја покажам славата Своја над фараонот и над сета војска негова, над колите негови и над коњаниците негови.

187,5; Ез 32,15И Египќаните ќе познаат дека Јас сум Господ, кога ќе се прославам над фараонот, над колите негови, и над коњаниците негови.“

1913,21; 23,20; 1 Мојс 16,7И се крена ангел Господов, кој одеше пред војската израелска, и застана зад нив; се крена и столбот од облак пред нив, и застана зад нив.

20Ис.Н. 24,7А кога влезе меѓу војската египет­ска и војската израелска, застана; на оние им беше темнина и мрак, а на овие им беше светлина, така што преку цела ноќ не се доближија едните до другите.

2115,8; 2 Сам 22,16; 2 Цар 2,8; Ис 14,27; 51,15; 63,12; Пс 74,13; 77,17-19; 78,13; 136,13И ја подигна Мојсеј раката своја над морето, а Господ го разбранува мо­рето со источен ветар, кој дуваше силно цела ноќ, па се направи во морето суво и водата се раздели.

2214,16.29; 15,8.19; Ис.Н. 3,13.16.17; 4,22; Ис 43,16; 51,10; Пс 66,6; 77,20; 78,13; 106,9; Неем 9,11; Евр 11,29И појдоа синовите израелски среде море по суво, а водата им стоеше како ѕид од десната страна и од левата стра­на.

2314,7А Египќаните, гонејќи ги, појдоа по нив среде море, сите коњи фараонови, колите и коњаниците негови.

2413,21; 23,27; Ис.Н. 10,10А во утринската стража погледна Господ на војската египетска од огнениот столб и од облакот и ја доведе во забуна војската египетска,

2514,9.14; 1 Сам 4,8па им ги врза тркалата на колите нивни, та одвај ги влечеа. Тогаш Егип­ќаните рекоа: „Да бегаме од Израел­ците, зашто Господ се бори за нив против Египќаните!“

265 Мојс 11,4Тогаш Господ му рече на Мојсеј: „Пружи ја раката над морето, и нека се собере водата врз Египќаните, врз колите нивни и врз коњаниците нивни.“

27Ис.Н. 4,18И Мојсеј ја испружи раката своја над морето, и пред зори водата пак се поврати на своето место, а Египќаните тргнаа да бегаат наспроти водата; и Господ ги потопи Египќаните среде море.

2814,23; 15,5.19; 5 Мојс 11,4; Ис.Н. 24,7; Пс 78,53; 106,11; 136,5; Неем 9,11; Евр 11,29Кога се поврати водата, ги потопи колите и коњаниците со сета војска фараонова, што беше тргнала по нив во морето; и не остана ниеден од нив.

29Синовите, пак, израелски минаа среде море по суво; водата стоеше како ѕид од десната страна и од левата страна.

301 Сам 14,23; Пс 106,8.10.21И ги избави Господ Израелците во тој ден од рацете на Египќаните. И ги видоа синовите израелски Египќаните што изумреа на морскиот брег.

314,5.31; 9,16; Ис.Н. 4,24; Пс 22,3; 106,12; Јн 2,11; 11,45Ја виде Израел големата сила, што Господ ја покажа над Египќаните, и народот се уплаши од Господ, и поверува во Бога и на слугата негов Мојсеј.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help