Рута Вовед - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (66 книги)(MK2006)

ВоведКнигата Рута со својата содржина нѐ враќа во времето кога судиите управуваа со народот на Израел. Составена е подоцна, но е особено тешко прецизно да се определи кога точно настанала.Основната цел на ова дело е да се покаже како една жена туѓинка влегла меѓу Божјиот народ. Главниот акцент е ставен на примерот на приврзаноста на Моавката Рута кон семејството на нејзиниот маж, но и кон Израеловиот Бог, како и начинот на кој Бог ја наградува таа приврзаност. Неволјата во која запаѓаат двете жени, Рута и нејзината свекрва Ноемина, постепено се претвора во благосостојба. Делото е напишано со многу свежина и претставува трогателен пример за искрената приврзаност меѓу луѓето, од една страна, и постојаноста во верата кон Бога, од друга.Раѓањето на синот на Рута е кулминациска точка на делото; се работи за идниот дедо на цар Давид. Припаѓајќи меѓу предците на Давид, истовремено Рута се вбројува и во Исусовото родословие (Мт 1,5).
Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help