1 Агеј 1,8; Езд 3,7; 2 Лет 2,3 Тирскиот цар Хирам испрати кај Давид пратеници, кедрови дрвја, и каменоделци, за да му изградат дом.
24 Мојс 24,7; 5 Мојс 26,19Откако разбра Давид дека Господ го утврдил за цар над Израел, дека царството негово се воздигнува високо, заради народот негов Израел,
3тој си зеде уште жени во Ерусалим, и му се родија уште синови и ќерки.
4Еве ги имињата на оние што му се родија во Ерусалим: Шамуа, Шовав, Натан и Соломон,
5Јивхар, Елишуа, Елпелет,
6Ногах, Нефег, Јафија,
7Елишама, Беелјада, Елифелет.
Победа над Филистејците(2 Сам 5,17-25)8И слушнаа Филистејците дека Давид бил помазан за цар над целиот Израел, и сите тие се кренаа да го фатат Давид. А Давид, откако разбра, излезе против нив.
9Ис.Н. 15,8Филистејците дојдоа и се распоредија во Рефаимската Долина.
10Давид Го праша Бога, велејќи: „Да одам ли против Филистејците, и ќе ги предадеш ли во рацете мои?“ Господ му одговори: „Оди, Јас ќе ги предадам во рацете твои.“
11Ис 28,21; Пс 94,16Тие отидоа во Ваал-Перацим, и таму ги порази Давид. И рече Давид: „Бог продре меѓу моите непријатели преку раката моја како што продира вода.“ Затоа и го нарекоа тоа место Ваал-Перацим.
122 Мојс 32,20; Ис.Н. 7,15И Филистејците ги оставија боговите свои таму, а Давид заповеда, да ги изгорат.
13И пак дојдоа Филистејците и се улогорија во долината.
14Давид пак Го праша Бога, и Бог му одговори: „Не оди им во пресрет, туку заобиколи ги и оди кон нив откај црниците;
15и кога ќе чуеш шум како од врвеж по црничини врвови, тогаш почни ја борбата, зашто Бог ќе излезе пред тебе за да ја порази филистејската војска.“
16Ис.Н. 9,3; 10,33Давид направи така, како што му заповеда Господ, и ја порази филистејската војска, од Гаваон до Гезер.
172 Мојс 15,14-16; 5 Мојс 2,25; Ис.Н. 6,27; Пс 2,1-12И Давидовото име се прочу по сите земји, и Господ направи да се плашат од него сите народи.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.
