2 Солуњаните Вовед - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (66 книги)(MK2006)

ВоведВо Второто послание до Солуњаните, апостол Павле повторно се навраќа на веќе поставеното прашање во првото послание: проблемот околу славното Христово доаѓање. Овој проблем и понатаму ги вознемирува христијаните од Солун. Некои меѓу нив ги убедуваат другите дека денот е веќе дојден (2,2), додека други одбиваат да работат поради опасноста што се заканува од крајот на времињата и живеат зависни од лицата што работат (3,6-12). Посланието има за цел да ги исправи погрешните замисли кои ѝ создаваат неволји на црквата во Солун.Апостолот започнува со благодарност кон Бога за верата и љубовта со која христијаните од Солун веќе се докажаа. Истовремено, тој Го моли Господ да им додели долготрпение и истрајност во службата за која се повикани (1,1-12). Веднаш потоа тој минува на централната содржина на посланието, односно, поучувањето во врска со славното доаѓање Христово. А ова нема да дојде пред да се појави една мистериозна личност, предводена од сатаната, која ќе го донесе од своја страна бунтот против Бога и спротивставувањето на Христос (2,1-12). Соочени со нападите на силата на злото, станува неопходно верниците да живеат цврсти во нивната верност кон Евангелието и непрестано да се молат (2,13–3,5). Веднаш потоа апостолот енергично се завзема против однесувањето на мрзливците и им го посочува примерот на оние кои работат, за да не му бидат никому на товар (3,6-15). Благословот и поздравите го сочинуваат и краткиот заклучок на посланието (3,16-18).Славната изрека „Кој не сака да работи, не треба повеќе ни да јаде“, (3,10) го прави читателот претпазлив после прочитувањето на ова послание.
Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help