1Проговори Елифаз од Теман и рече:
218,2„Ќе одговара ли мудриот со празни знаења и ќе го полни ли стомакот свој со врел ветар?
3Ќе се оправдува ли со бесполезна реч, и со зборови што немаат никаква сила?
4Ти пак го заборави стравот од Бога; пред Неговото лице ти трепет немаш.
5Лк 6,45; 19,22Твоите зборови вината Твоја ја покажуваат, се служиш со јазикот на лукавите.
6Тебе те обвинува устата твоја, а не јас; јазикот твој говори против тебе.
7Изреки 8,25Зар ти си првиот роден од човек и пред ридовите ли си создаден?
8Ер 23,18; Рим 11,34Зарем си ги слушал тајните Божји и за себе мудрост си придобил?
9Што знаеш ти што ние не го знаеме? Што разбираш ти, а што го нема и во нас?
10Меѓу нас има и седокос, и старец, кои според деновите го надминуваат татко ти.
1116,2Зар се за тебе малку Божјите утехи? И Неговите благи зборови?
12Кон што те соблазнува срцето твое, кон што така гордо гледаш?
13Зошто го устремуваш против Бога духот свој и со устата своја изнесуваш такви зборови?
144,17-18; 14,4; 25,4Што е човекот, та да биде чист и родениот од жена да биде праведен?
1525,5Ете, Тој и на светите Свои не се доверува, и небесата се нечисти во Неговите очи:
1634,7толку повеќе е нечист и грешен човекот, кој го пие беззаконието како вода.
17Јас ќе ти говорам, слушај ме; ќе ти раскажам она што сум го видел,
188,8-10; 5 Мојс 32,7-8што го слушале мудрите и не го сокриле слушнатото од татковците свои,
19на кои им била дадена оваа земја, и меѓу кои туѓинец никогаш не стапнал.
20Нечесниот се мачи себеси преку сите свои денови, годините му се одброени на потисникот;
2118,11-14звук од ужас секогаш е во ушите негови; додека мирува, непријателот налетува на него.
22Не се надева да се спаси од темнината; пред себеси гледа меч.
2310,21За парче леб скита постојано; знае дека е сосема близу денот на неговата смрт.
2410,17Нужда и теснотија го застрашуваат; навалуваат на него; како цар, готов за бој,
25затоа што кревал рака против Бога и Му се противел на Седржителот,
26се спуштал против Него со гордост, зад дебелите свои штитови;
2721,24; Пс 73,4затоа што го покрил лицето со маста своја и ги здебелил бедрата свои.
283,14И тој се населува во разурнати градови, во куќи, каде што не се живее и кои набрзо ќе станат урнатини.
2920,18-20Тој нема да се збогати, и имотот негов нема да напредува; ниту поседот негов ќе се рашири по земјата.
308,12Нема да избега од темнината; пламен ќе ги исуши ветките негови, во здивот на пламена уста ќе изчезне.
31Ис 28,15.18; 59,4Заблудениот нека не ѝ се доверува на суетата, затоа што суета ќе биде и платата негова.
32Проп 7,17Тој предвреме ќе умре, и ветките негови никогаш нема да се раззеленат.
338,12; 14,2Ќе го фрли тој како лоза неузреаното грозје свое, како маслинка ќе го истресе цветот свој.
3420,26Така ќе опустее домот на нечестивиот, и оган ќе ги голтне шаторите на поткупништвото.
35Ис 59,4; Пс 7,14; Изреки 22,8Тој зачна зло и роди лага, во утробата своја подготвува измама.“
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.