1 1 Цар 10,22 „И така, среброто си има свои наоѓалишта, и златото – место, каде што го пречистуваат.
25 Мојс 8,9Железото се добива од земјата; од камен се претопува бакар.
328,10Човекот ги определува границите на темнината и до крајни длабочини бара камен во мракот и во смртната сенка.
4Ископуваат рудокопен извор во места недостапни за нога, нишајќи се, висат далеку од луѓето.
5Пс 104,14Од земјата никнува жито, а под неа сѐ е испревртено, како оган.
6Во камењата нејзини има место за сафир, во нив има и златни зрнца.
7Патеката за таму граблива птица не ја знае, јастребовото око не ја видело;
8диви животни не ја газеле, и не одел по неа лав.
9На гранит ја става човек раката своја, од дното превртува планини;
10во карпи прокопува канали, и окото негово забележува сѐ што е скапоцено;
11го запира текот на реките и сокриеното го вади на видело.
12Проп 7,24Но каде се наоѓа мудроста, и каде е местото на разумот?
13Не ја знае човекот цената нејзина, ниту се наоѓа во земјата на живите.
14Бездната вели: не е во мене таа; и морето вели: не е кај мене.
15Изреки 2,4; 3,14Таа не се дава за злато и не се добива за измерено сребро;
1622,24таа не се оценува со офирско злато, ниту со скапоцен оникс, ниту со сафир;
17не се споредува со неа злато и кристал; нема да ја размениш со садови од чисто злато.
18Изреки 8,11А за корал и бисер нема што ни да се спомнува, зашто здобивање со мудрост чини повеќе од скапоцен камен.
19Со неа не се изедначува етиопскиот топаз; со чисто злато таа не се оценува.
2028,12Од каде, всушност, излегува мудроста? Каде е местото на разумот?
21Сокриена е таа од очите на сѐ што е живо и притаена е од птиците небески.
22Пеколот и смртта велат: ‚со ушите свои го чувме зборувањето за неа‘.
23Изреки 2,6; 8,22Бог го знае патот нејзин; Тој го познава местото нејзино.
24Зашто Тој гледа до крајот на земјата и гледа под целото небо.
25Кога Тој му даваше на ветерот мерка и ја наместуваше водата по мера,
2638,25кога му даваше наредби на дождот и пат на громоносната молња,
27уште тогаш Тој ја виде и ја опиша, ја забележа и уште ја испита.
28Пс 111,10; Изреки 1,7; 9,10А на човекот му рече: ‚Ете, стравот Господов е вистинска мудрост, а одбегнувањето од зло е разумот.‘“
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.