1Слово Господово што дојде до Еремија –
2вака вели Господ, Бог Израелов: запиши ги во книга сите зборови, што ти ги кажав.
329,14; 32,37; Зах 10,10Зашто, еве, идат дни, вели Господ, кога ќе го вратам од ропство Мојот народ, Израел и Јуда, вели Господ; и повторно ќе ги доведам во земјата, што им ја дадов на предците нивни, и тие ќе ја владеат.
4А еве ги зборовите, што ги изрече Господ за Израел и за Јуда.
5Вака вели Господ: глас од смут и ужас слушаме ние, а не мир.
6Прашајте и размислете: раѓа ли маж? А зошто гледам при секој човек рацете да му се на бедрата како при жена, кога раѓа, и лицата на сите да им се бледи?
7Дан 12,1; Откр 16,18О, тешко, голем е оној ден, нема сличен на него; тоа е мачно време за Јаков, но тој ќе биде избавен од него.
83 Мојс 26,13; Ис 14,25; Ез 34,27; Наум 1,13; Пс 107,14И во оној ден, вели Господ Саваот, ќе го здробам јаремот негов, што му е околу вратот, и твоите окови ќе ги раскинам; па повеќе нема да служи на туѓинци,
9туку ќе Му служите на својот Господ Бог и на царот свој Давид, кого што ќе им го издигнам.
10Ис 44,2; 42,11; Мих 4,4; Соф 3,13И ти, слуго мој Јакове, не бој се, вели Господ, и не плаши се, Израелу, зашто еве, Јас ќе те избавам тебе од земјата далечна и племето твое – од земјата на ропството; па ќе се врати Јаков и ќе живее спокојно и мирно и нема никој да го заплашува,
111,8; 5,10.18; Наум 1,9; 2 Мојс 34,6-7; 4 Мојс 14,18зашто Јас сум со тебе, вели Господ, за да те избавувам: Јас наполно ќе ги истребам сите народи, меѓу кои те прогонив, но тебе нема да те истребам; ќе те казнам по мерка, и неказнет нема да те оставам.
Господ ќе ги излечи Израел и Јудеја12 10,19; Наум 3,19 Зашто така вели Господ: твојата рана не е излечива, болката ти е жестока;
1346,11никој не се грижи за твоето дело, за да ти ја излекува раната; за тебе лек нема;
144,30; Плач 1,2.19; Јов 19,11сите пријатели твои те заборавија, не те бараат, бидејќи Јас те удрив со непријателски удари, со жестока казна за многуте твои беззаконија, бидејќи гревовите твои се намножија.
1530,12Зошто викаш поради раните свои, од лутината на твојата болест? За многуте твои беззаконија ти го направив тоа, зашто гревовите твои се намножија.
16Ис 20,4; Наум 3,10Но сите, што те голтаат, ќе бидат проголтани; и сите твои непријатели – ќе појдат во ропство, и твоите пустошници ќе бидат опустошени, и сите твои грабачи ќе ги предадам на грабеж.
1733,6Ќе ги обложам и ќе ги излекувам твоите рани, вели Господ. Тебе те нарекуваа отфрлен, велејќи: „Еве го Сион, за кого никој не прашува.“
Спас за Израел и Јудеја18 Амос 9,11 Така вели Господ: еве, ќе ги вратам заробените од шаторите на Јаков и ќе се смилувам на нивните живеалишта, и градот пак ќе биде изграден на својот рид, а и храмот ќе биде обновен, како што си беше.
193,16; 29,6; 3 Мојс 26,9; Ез 36,11.37; 37,26И ќе се крене од нив благодарност и глас на весели луѓе; и Јас ќе ги размножам, и нема да се намалуваат, па ќе ги прославам, и нема да бидат понизени.
20Ис 1,26; 25,12И синовите негови ќе бидат како порано, и собранието негово ќе стои пред Мене, а ќе ги казнам сите негови угнетувачи.
215 Мојс 17,15; Зах 10,4И ќе излезе од него водач, и владетел негов ќе произлезе од него; и Јас ќе го привлечам, па ќе дојде кај Мене; зашто кој е тој што сам од себе пристапува до Мене? – вели Господ.
2231,3; 3 Мојс 26,12; 5 Мојс 29,12; 2 Цар 11,17И вие ќе бидете Мој народ, а Јас ќе ви бидам Бог.
2325,32Еве, виорот на јароста од Господ доаѓа, виор страшен; ќе падне врз главите на безбожниците.
24Јн 13,7Пламениот гнев на Господ нема да стивне, сѐ додека не ја изврши и не ја исполни замислата на срцето Свое. Во последните дни ќе го разберете тоа.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.