1 15,40.47; Лк 24,10; Јн 19,40 Штом мина саботата, Марија Магдалена, Марија Јаковова и Саломија купија мириси, за да дојдат и да Го помазаат Исус.
2И во првиот ден од седмицата, дојдоа на гробот многу рано, кога изгреваше сонцето,
3Јн 11,38-39па си зборуваа меѓу себе: „Кој ќе ни го одвали каменот од вратата на гробот?“
4И кога погледнаа, видоа дека каменот е одвален, а тој беше многу голем.
59,3; Дела 1,10; Откр 7,9.13Штом влегоа во гробот, видоа еден млад човек, облечен во бели алишта, како седи од десната страна; и се уплашија многу.
6Ис.Н. 1,9; Ис 41,10; Мт 17,7; Јн 6,20; Дела 3,15; Откр 1,17А тој им рече: „Не плашете се! Вие Го барате Исус од Назарет, Распнатиот. Тој воскресна, не е овде! Еве го местото каде што беше положен.
714,28; Мт 26,32Но одете, кажете им на учениците Негови и на Петар дека Тој пред вас ќе отиде во Галилеја; таму ќе Го видите, како што ви беше рекол.“
89,6; 1 Кор 2,3Па, штом излегоа, побегнаа од гробот, зашто ги опфати страв и ужас, и никому ништо не рекоа, зашто се плашеа.
Исус ѝ се јавува на Марија Магдалена(Мт 28,9-10; Јн 20,11-18)9 Лк 8,2 А Исус, кога воскресна во првиот ден од седмицата, ѝ се јави најнапред на Марија Магдалена, од која беше истерал седум демони.
10Лк 24,9Таа отиде и им јави на оние, што беа со Него и што плачеа и ридаа.
111 Мојс 45,26; Мт 8,10; 28,17; Лк 24,5.11.23.41Но тие, кога чуја дека е Тој жив и дека таа Го видела, не поверуваа.
Исус им се појавува на двајца ученици(Лк 24,13-35)12Потоа им се јави во друг лик на двајца од нив по пат, кога одеа в село.
13Мт 28,17И штом се вратија, тие им кажаа на другите; но и ним не им поверуваа.
Исус им се појавува на единаесетмината Свои ученици(Мт 28,16-20; Лк 24,36-49; Јн 20,19-23; Дела 1,6-8)14 6,6; Дела 2,14; Рим 9,18; 1 Кор 15,5 Најпосле им се јави на единаесетте, кога беа на трпеза, и ги укори за нивното неверие и тврдокорност, зашто не им поверуваа на оние, кои Го видоа воскреснат.
1513,10; Мт 24,14; Кол 1,23Па им рече: „Одете по сиот свет и проповедајте го Евангелието на секое создание.
16Јн 3,18.36; Дела 2,38; 16,31Кој ќе поверува и се крсти, ќе биде спасен; а кој не поверува, ќе биде осуден.
17Дела 2,4; 8,7; 10,46; 19,6; 1 Кор 12,10.30; 14,1-40А знаците, на оние што ќе поверуваат, ќе им бидат овие: со Моето име ќе истеруваат демони; ќе говорат нови јазици;
18Мт 9,18; Лк 10,19; Дела 4,30; 28,3-6; 1 Кор 12,9.27; 1 Тим 4,14; Јк 5,14-15ќе фаќаат змии и ако нешто смртоносно испијат, нема да им наштети; на болни ќе полагаат раце и тие ќе оздравуваат.“
Исусовото вознесение(Лк 24,50-53; Дела 1,9-11)19 Пс 110,1; Мт 22,44; Дела 1,2.11.22; 1 Тим 3,16 А по разговорот со нив, Господ се вознесе на небо и седна од десната страна на Бога.
20Дела 14,3; Евр 2,3-4Тие, пак, отидоа и проповедаа насекаде; и Господ го поткрепуваше словото нивно со чуда, што се јавуваа. Амин!
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.