Исаија 40 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (66 книги)(MK2006)

Охрабрување за народот

1 49,13; 51,12; 52,7-12; 61,2-3 Утешувајте го, утешувајте го Мојот народ, вели вашиот Бог;

233,24; 2 Мојс 22,3-8; Ер 16,18; Плач 4,22говорете му нежно на Ерусалим, и известете го дека времето на неговата казна се исполни дека за неправдата му е платено зашто од раката Господова доби двојно за сите свои гревови.

3Мал; 3,1.23-24; Мт 3,3; Лк 1,76Гласот на оној што вика во пустината говори: „Пригответе Му пат на Господ, исправете ги во пустината патеките за нашиот Бог;

445,2; 49,11; Лк 3,4-6секој дол да се исполни, секоја пла­нина и рид да се снизат; кривините да се исправат, и нерамните патишта да би­дат израмнети;

51,20; 35,2; 60,1; 2 Мојс 24,16; Пс 97,6; Јн 1,14и ќе се јави славата Господова, и сите луѓе ќе го видат спасението од Бога; зашто устата Господова го изрече тоа.“

6Пс 103,15; 1 Птр 1,24-25Гласот говореше: „Разгласувај!“ и прашав: „Што да разгласувам?“ – „Секој човек е трева, сета убавина негова е како полско цвеќе.

751,12; Јов 14,2; Јк 1,10-11Тревата се исушува, цвеќето овенува, штом ќе дувне врз него здивот на Господ: така е и народот како трева.

8Пс 119,89; Мт 24,35; Јн 1,1Тревата се суши, цвеќето свенува, а словото на нашиот Бог останува вечно.“

Бог е овде

9 35,4; 52,7; Јн 12,15 Искачи се на високата гора Сион, ти кој јавуваш добри вести за Сион, извиши го силно гласот свој, благо­известителе Ерусалиме, подигни го, не плаши се. Кажи им на градовите Јуди­ни: еве Го вашиот Бог!

1052,10; 62,11; Пс 77,15; Откр 22,12Ете, Господ Бог иде со сила и раката Негова е со власт. Ете, наградата Му е со Него, а отплатата Му е пред лицето Негово.

115 Мојс 32,11; Ер 31,10; Ез 34,12; Лк 15,5Како пастир ќе го пасе Тој стадото Свое: јагнињата ќе ги земе Тој во ра­цете и ќе ги носи на градите Свои, и грижливо ќе ги води доилките.

Кој е како Бог?

12 Јов; 28,23-27; 38,4-5; Изреки 30,4 Кој ги измерил водите со раката своја и со педа го измерил небото, и со мерка го измерил правот земен, кој ги измерил на терезија планините и ридовите?

13Јов 15,8; Рим 11,34; 1 Кор 2,16Кој го упатил Духот на Господ, и Му бил Нему советник и Го учел?

14Ер 23,18; Јов 21,22Со кого се советувал Тој, и кој Го вразумувал и Го поучувал во патот на правдата, и Го учел на знаење и Му го покажувал патот на мудроста?

15Пс 62,9Ете, народите се како капка од ведро, и претставуваат прашинка на терезија. Ете, островите Тој ги подига како прашинки.

16Ни Ливан не стигнува за жртвен оган, ни животните по него – за сепаленица.

1741,12; Дан 4,32Сите народи пред Него се како ништо, – за Него се помалку од ништо, и помалку се од суетата.

1846,5; Дела 17,29И така, со кого ќе Го споредите Бога, и каква подобност ќе Му најдете?

1941,6-7; 44,9-20; Ер 10,1-16; 51,15-19; Пс 115,3-8Уметникот го излева идолот, а зла­тарот го покрива со злато и му додава сребрени веришки.

20А кој е сиромав и нема што да му принесе, тој избира дрво, кое не гние, па бара искусен уметник за да направи идол, што ќе стои неподвижен.

Господ владее

21 Рим 1,20 Зар не знаете? Зар не сте слушале? Зар не ви е зборувано во почетокот? Зар не сте го разбрале тоа од основањето на земјата?

2244,24; 4 Мојс 13,33; Пс 104,2; Јов 26,7Тој е Оној, Кој седи над кругот на земјата, а оние, што живеат на неа, се како скакулци пред Него; Тој ги распослал небесата како тенко платно и ги распнал како шатор за живеење.

2329,14; Пс 2,2-5; Јов 12,17; 34,18-20Тој ги претвора кнезовите во ниш­то, судиите земни ги прави да бидат ништожни.

2417,13; 41,2; Пс 83,13Одвај посадени, одвај посеани, одвај се закоренил во земјата стракот нивни, штом Тој ќе дувне врз нив, тие се ису­шуваат; виорот ги однесува како плева.

2545,5; 46,5„Со кого ќе Ме изедначите и со кого ќе Ме споредите?“ – вели Свете­цот.

26Пс 147,4; Јов 25,3Кренете ги очите свои кон висините небесни и погледнете, кој ги создал? Кој го пресметал бројот на војската нивна? Тој сите нив ги нарекува по име: поради големата моќ и големата сила во Него ништо не недостига.

Господ дава сила

27 49,4.14-16 А како говориш ти, Јакове, и ве­лиш, Израеле: „Патот ми е сокриен од Господ, делото мое е заборавено пред мојот Бог?“

281 Мојс 21,33; Пс 147,5; Рим 11,34Зар не знаеш? Зар не си слушал дека вечниот Бог, Кој ги создал краиш­тата на земјата, не се изморува и не изнемоштува; Неговиот разум е не­испитлив.

29Тој му дава сила на уморениот и му дарува јачина на изнемоштениот.

30Амос 2,14Се уморуваат и момчињата и осла­буваат, и млади луѓе паѓаат,

312 Сам 1,23; Пс 103,5а оние кои се надеваат на Господ, ќе ја обноват силата своја: ќе кренат крилја како орли, ќе трчаат и нема да им биде тешко, ќе одат и нема да се уморат.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help