Излез 25 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (66 книги)(MK2006)

Планот за скинијатаПрилозите на Израелците

1И Господ му рече на Мојсеј, велејќи:

235,4-29; Езд 2,68; Неем; 7,70-72; 1 Лет 29,5.9; 2 Кор 9,7„Кажи им на синовите на Израел да Ми соберат прилози: земете прилог кој од драго срце Ми дава.

3А прилогот што ќе го земете од нив да биде: злато, сребро и бакар;

428,4-8волна сина, црвена и светлоцрвена, лен и козина;

54 Мојс 4,6.10и црвени овнешки кожи, фини кожи и дрвја од шитим;

627,20; 30,22-32; 3 Мојс 16,12; 4 Мојс 4,16; 2 Лет 13,11масло за светење, и мириси за мас­лото за помазание и за мирисно кадило;

728,4.6-14камења оникс и камења за украсување на ефодот и наградникот.

829,45; 3 Мојс 26,11-12; 5 Мојс 12,11; Зах 2,14; Евр 9,1-2Да Ми направите светилиште, од каде што ќе ви се јавувам вам.

925,40; 26,30; 4 Мојс 8,4; 1 Лет 28,19; Дела 7,44; Евр 8,5Сѐ, како што ќе ти покажам Јас на планината: и образецот на скинијата, и образецот на сите предмети во неа – така да направите.

Ковчегот на заветот

10 5 Мојс 10,3.5; 1 Цар 6,19; Евр 9,4 Направете ковчег од дрвото шитим, во должина од два и пол лакта, а во ширина еден и пол лакот, и во висина еден и пол лакот;

11и опкови го со чисто злато: опкови го однатре и однадвор; направи му зла­тен венец околу врвот;

12и излиј за него четири алки од злато, и постави ги на четирите негови долни агли: две алки од едната страна и две алки од другата страна.

13Направи од дрвото шитим лостови, и опкови ги со злато,

1440,20; 1 Лет 15,15и провлечи ги лостовите низ алките од обете страни на ковчегот, за да се носи на нив ковчегот;

151 Цар 8,8лостовите во алките на ковчегот нека стојат, да не се вадат од нив.

1616,34; 24,12; 5 Мојс 10,1-2; Евр 9,4А во ковчегот положи го заветот, што ќе ти го дадам.

173 Мојс 16,13Направи исто така и чистилиште: капак од чисто злато, долго два и пол лакта, а широко еден и пол лакот.

1826,1.31; 36,35; 1 Цар 6,23-28; 2 Лет 3,10-13; Евр 9,5И направи два херувима од злато, ковани направи ги и постави ги на двата краја од капакот;

19направи херувими: еден од едната страна, а друг од другата страна на капакот; направи ги херувимите на обете страни од чистилиштето.

201 Мојс 3,24; 1 Цар 8,7; Евр 9,5Херувимите да бидат со крилата угоре, та со крилата да го засолнуваат капакот, а со лицата свртени еден спроти друг; лицата на херувимите нека бидат свртени кон чистилиштето.

2126,34; 40,20; 5 Мојс 10,5И стави го капакот одозгора врз ковчегот, а во ковчегот положи го заветот, што ќе ти го дадам Јас:

224 Мојс 7,89; 2 Сам 6,2; 2 Цар 19,15; Пс 80,1; Ис 37,15и тука, над капакот, меѓу двата хе­рувима, кои ќе бидат над ковчегот на заветот, ќе ти се јавувам тебе и оттаму ќе ти зборувам тебе и за сѐ ќе им заповедам преку тебе на синовите изра­елски.

Масата со принесените пред Бога лебови

23 3 Мојс 24,6; 1 Цар 7,48; 2 Лет 4,8.19 Направи и маса од дрвото шитим: долга два лакта, а широка еден лакот, висината да ѝ е лакот и половина.

24И опкови ја со чисто злато, а на­прави и златен венец околу неа;

25и направи ѝ наоколу страници една дланка широки со венец наоколу;

26а направи за неа и четири алки од злато, и прицврсти ги алките на че­тирите агли од нејзините четири нозе;

27на страниците нека има алки, за да можат во нив да се стават лостови, па трпезата со нив да се подигнува;

28направи ги лостовите од дрвото ши­тим и опкови ги со злато; и со нив ќе се крева трпезата.

294 Мојс 4,7; 1 Цар 7,48Направи за неа чинии, кадилници, чаши и црпки, со кои ќе се врши преливање; а ќе ги направиш од чисто злато.

3035,13; 39,36; 40,4.23; 3 Мојс 24,5-9; 1 Сам 21,4-7На трпезата поставувај ги секогаш лебовите принесени пред Мене.

Светилник со седум гранки

31 39,37; 40,24; 4 Мојс 4,9-10; 1 Цар 7,49; Зах 4,2; 2 Лет 4,7 И направи светилник од чисто зла­то; светилникот нека биде кован; него­виот столб, неговите гранки и чашки со јаболкца и неговите цветови – сите тие од него да излегуваат;

32шест гранки нека излегуваат од страните: три гранки од едната страна на светилникот, а три гранки од другата страна на светилникот;

33три чашки во облик на бадемов цвет, со јаболче и цветови нека има ед­ната гранка, и три чашки како бадемов цвет, со јаболче и цветови на другата гранка; и така нека има на шесте гранки, што излегуваат од светилникот,

34а на самиот светилник нека има че­тири чашки во вид на бадемов цвет, со јаболкца и цветови;

35едно јаболче под две гранки, од не­го, и едно јаболче под другите две гранки, од него, и едно јаболче под другите две гранки – така под шесте гранки што излегуваат од светилникот.

364 Мојс 8,4Јаболчињата и гранките нивни од него треба да излегуваат; целиот да биде кован од чисто злато.

373 Мојс 24,2-4; 4 Мојс 8,2; 2 Лет 13,11И направи му седум кандила, и ста­ви ги кандилата негови да светат од предната негова страна;

38а и штипките и пепеларките за нив нека бидат од чисто злато;

39од еден кикар чисто злато да напра­виш свеќник, со сиот негов прибор.

4025,9; Евр 8,5И гледај да ги направиш според образецот, што ти беше покажан на планината.“

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help