Евреите 11 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (66 книги)(MK2006)

Силата на верата

1 3,14; Рим 8,24-25; 2 Кор 4,18; 5,7 А верата е подлога за увереноста во она на кое се надеваме – убеденост во она што не се гледа.

211,39Преку неа постарите добија све­дош­тво.

31,2; 1 Мојс 1; Пс 33,6.9; Јн 1,3; Рим 1,20; 2 Птр 3,5Преку верата разбираме дека ве­ко­вите се создадени со Божји збор и дека од невидливото произлегло видливото.

412,24; 1 Мојс 4,4.10; Јов 16,18; Мт 23,35Со вера Авел Му принесе на Бога по­добра жртва, од Каиновата; преку неа тој доби сведоштво дека е праведен, бидејќи Бог посведочи за неговите да­ро­ви; преку неа, иако мртов, тој уште збо­рува.

51 Мојс 5,24Преку вера Енох беше преселен за да не види смрт; и не се најде, бидејќи Бог го пресели. Зашто пред преселува­њето тој доби сведоштво дека Му уго­дил на Бога.

610,35; 2 Мојс 3,14; Ер 29,12-14А без вера не е можно да Му се уго­ди на Бога; бидејќи оние кои доаѓаат кај Бога, треба да веруваат дека Тој постои и дека ги наградува оние што Го бараат.

71 Мојс 6,8-9; 6,13–7,1; Рим 3,22; 4,13; 1 Птр 3,20Преку вера Ное, откако беше пре­дупреден за она што уште не се гле­да­ше, со послушност го направи ковчегот за да го спаси својот дом. Со тоа тој го осуди светот и стана наследник на пра­ведноста по вера.

81 Мојс 12,1-4.7Со вера Авраам, кога беше повикан, послуша да појде во местото што тре­баше да го добие во наследство, и тргна, не знаејќи каде оди.

91 Мојс 23,4; 18,1.9; 26,3; 35,12.27Со вера се всели Авраам во ветената земја како туѓинец и живееше под ша­тори со Исак и Јаков, наследници на ис­тото ветување;

1011,16; 12,22; 13,14; Откр 21,2.14.19зашто тој го очекуваше оној град што има основи, чиј градител и творец е Бог.

111 Мојс 17,19; 21,2; Рим 4,19-20; 1 Кор 10,13Преку вера и самата Сара – иако беше неплодна, доби сила да зачне и, покрај возраста нејзина, роди, зашто Го сметаше за верен Оној Кој беше ветил.

121 Мојс 15,5; 22,17; 2 Мојс 32,13; Ис 51,2И така од еден, и тоа остарен, се ро­дија толку многу, колку што се ѕвездите на небото, и колку што е безбројниот песок на морскиот брег.

131 Мојс 23,4; 3 Мојс 25,23; Пс 39,12; 119,19; 1 Лет 29,15; Мт 13,17; Јн 8,56; Фил 3,20; 1 Птр 1,17; 2,11Сите тие умреа со вера, не добивај­ќи ги ветувањата, а само оддалеку ги видоа и ги поздравија, признавајќи дека се гости и придојдени.

14Бидејќи оние што така зборуваат покажуваат дека бараат татковина.

151 Мојс 24,6-8И ако ја беа имале на ум онаа тат­ковина, од која беа излегле, ќе имаа прилика да се вратат.

1611,10; 2 Мојс 3,6.15; Мк 8,38; Јн 14,2; Ефес 2,19Но тие сакаа подобра, односно не­бесна татковина; затоа и Бог не се сра­ми да се нарече нивен Бог; бидејќи им има приготвено град.

171 Мојс 22,1-14; Јк 2,21Авраам со вера го принесе како жртва Исака, кога беше искушуван; и тој, што го доби ветувањето, го принесе својот единствен син,

181 Мојс 21,12; Рим 9,7за кого му беше речено: „По­том­ството од Исак ќе се нарече со твое име“;

19Јн 5,21; Рим 4,17зашто тој сметаше дека е Бог силен и дека и мртви може да воскреснува и така да речам, го прими Исак воскреснат.

201 Мојс 27,27-29; 27,39-40Со вера Исак го благослови Јаков и Исав за иднината.

211 Мојс 47,31; 48,15Со вера Јаков на умирање го бла­гослови секого од синовите на Јосиф и „им се поклони, потпирајќи се на врвот од жезолот свој.“

221 Мојс 50,24-25Со вера Јосиф на умирање спомна за излегувањето на синовите Израелови од Египет и им даде упатства за коските свои.

232 Мојс 1,16.22; 2,2Со вера Мојсеј, откако се роди, три месеци беше криен од родителите свои, зашто видоа дека детето е убаво, и не се уплашија од царската заповед.

242 Мојс 2,10-11Со вера Мојсеј, кога порасна, се от­кажа да се нарече син на фараоновата ќерка

25и повеќе сакаше да страда заедно со народот Божји, отколку да ужива во минливите гревовни наслади.

2613,13; Пс 69,9; 89,52Страдањето заради Христос го сме­таше за поголемо богатство, отколку ризниците на Египет; зашто предвид ја имаше наградата.

272 Мојс 12,50-51; 4 Мојс 12,8; 1 Тим 1,17Со вера тој го напушти Египет не плашејќи се од царскиот гнев, зашто ве­руваше во Оној Кој не се гледаше, како да Го гледа.

282 Мојс 12; 1 Кор 10,10Со вера тој направи Пасха и по­прс­кување со крв, та истребувачот на прво­родените да не се допре до нив.

292 Мојс 14,22.27Со вера поминаа преку Црвеното Море како по суво, коешто се обидоа и Египќаните да го преминат, но се изда­вија.

30Ис.Н. 6,14-20Преку вера паднаа ѕидовите на Ери­хон, откако беа обиколувани цели седум дена.

31Ис.Н. 2,1; 6,17.23; Јк 2,25Со вера блудницата Раав не загина заедно со неверниците откако благонаклоно ги прими извидувачите и ги изведе по друг пат.

32Суд 4–5; 6–8; 11–12; 13–16; 1 Сам 3,20; 16,13И што уште да кажам? Зашто не ќе имам доволно време да кажувам за Ге­деон, Варак, Самсон и Јефтај, за Давид и Самоил и другите пророци,

336,15; Суд 4,15-16; 7,22; 11,32-33; 14,5-6; 1 Сам 17,34-37; 2 Сам 8,1-3.15; Дан 6,23кои преку вера победија царства, вршеа правда, добија ветувања, зат­во­рија усти на лавови;

34Суд 16,28; 1 Сам 17,49-52; 30,6; Дан 3,23-25угаснаа огнена сила, ја избегнаа острицата на мечот, од немоќни станаа крепки, станаа силни во војна, прогонија туѓи војски;

351 Цар 17,23; 2 Цар 4,36жени примија свои умрени воскреснати; други, пак, беа мачени и не прифатија ослободени, за да добијат подоб­ро воскресение;

36Ер 20; 37,10–38,28; 2 Лет 36,16а други поднесоа подигрување и кам­шикување, па дури и окови и зат­вор;

3713,3; 1 Цар 2,26; 19,10; 2 Цар 1,8; Ер 26,23; 2 Лет 24,21со камења беа убивани, со пила се­чени, на искушенија подложувани, умираа убивани со меч, скитаа во овчи и козји кожи, во сиромаштија, во маки, во срам –

381 Сам 23,14.24; 24,1.4.23; 25,2; 26,1; 1 Цар 18,4; 19,4.9тие, за кои светот беше недостоен – скитаа по пустини, по ридови, по пеш­тери и јами во земјата.

3911,2.4.13И сите тие, иако примија сведоштво преку верата, сепак не го добија ветеното,

4012,23; 1 Птр 1,10-12зашто Бог предвиде нешто подобро, та тие без нас да не примат совршен­ство.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help