1Чуј ги, Господи, зборовите мои, разбери ги воздишките мои.
217,1; 54,3; 84,8; 86,6; 140,1Чуј го гласот на мојот повик, Царе мој и Боже Мој, зашто Тебе Ти се молам!
384,3Наутро го слушаш гласот мој, наутро застанувам пред Тебе и чекам.
4Зашто Ти си Бог, Кој не сака беззаконија; за лошиот нема место кај тебе:
5безбожниците нема да опстојат пред очите Твои; Ти ги мразиш сите што вршат неправда.
6Ти ги уништуваш сите лажливци; од крвопиец и лукав Господ се гнаси.
755,23А јас, пак, според Твојата голема милост, ќе влезам во Твојот храм и ќе паднам ничкум пред Твоето светилиште, со почит кон Тебе.
842,2; 66,13; 138,2; 1 Цар 8,44-48; Дан 6,11Господи, води ме во Твојата правда, поради непријателите мои, патот Твој пред мене порамни го.
923,3; 27,11; Ис 26,7; 45,12; Изреки 3,6Зашто во устата нивна нема вистина; во срцето им е измама; грлото им е отворен гроб; на јазикот, пак, ласкање.
1014,3; 36,3; Ис 59,3; Рим 3,13Казни ги, Боже, нека пропаднат од сопствените совети; поради многуте нечесни работи отфрли ги, бидејќи се кренаа против Тебе.
11Па нека се зарадуваат сите, кои прибегнуваат кај Тебе: вечно нека се радуваат. Закрили ги, нека се радуваат во Тебе оние, што го сакаат името Твое.
1264,10; 69,36; 119,132Зашто Ти, Господи, го благословуваш праведниот и со милоста Своја го закрилуваш, како со штит.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.
