Осија 7 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (66 книги)(MK2006)

Господ сака да му помогне на Израел

1 4,2 Штом ќе посакам да го излечам Израел, се открива неправдата на Ефрем и злосторството на Самарија, зашто тие лажат, и крадец провалува, и разбојник граби по улиците.

21 Цар 17,18; Ер 2,19; Амос 8,7; Мал 3,16; Пс 90,8; Откр 20,12И не помислуваат во срцето свое дека Јас ги помнам сите нивни беззаконија; а сега ги обиколија нивните де­ла; пред лицето Мое се.

3Со злосторства го веселат царот свој и со лагите свои – кнезовите.

4Од прељубодејство тие сите горат како печка вжарена која пекарот по­веќе не ја разгорува, додека не го замеси тестото, и тоа скисне.

5„Денот е на царот наш!“ – велат кнезовите, опијанети од вино, а тој се ракува со опијанетите.

6Од сплетките нивни срцето им се вжарува како печка: гневот тлее во нив цела ноќ, а утрината се разгорува како огнен пламен.

72 Цар 15,10.14.25Тие сите се распалени како фурна и си ги голтаат судиите свои; нивните цареви паѓаат и никој од нив не вика кон Мене.

8Ефрем се смешал со народите, и станал како пита непревртена.

95,12; Ер 5,3; Откр 3,17Туѓинци му ја одземаат силата негова, но тој не забележува, косата му по­белела, а тој не знае.

105,4; 11,5; Ис 9,12; Амос; 4,6-11И гордоста на Израел сведочи против нив – и покрај сето тоа не се обра­ќаат кон Господ, својот Бог, и не Го бараат.

Залудно барате помош од други народи

11 4,11; 5,13; 12,2; Ер 2,18; Плач 5,6 А Ефрем стана како глупав гулаб – без разум: ги повикуваат Египќаните на помош, а потоа се приклонуваат кон Асирија.

12Ез 12,13; Проп 9,12; Мт 13,47Каде и да појдат, Јас ќе ја фрлам мрежата Своја врз нив; како птици не­бески ќе ги кутнам; ќе ги казнам, како што беше речено во нивното собрание.

137,1; 13,14Тешко ним, зашто отстапија од Мене; погибел за нив, зашто се одметнаа од Мене. Јас ги спасував, а тие Ме лажеа.

14А не повикаа кон Мене од сѐ срце, кога пискаа по леглата свои; ридаа на своите постели заради леб и вино, а против Мене се бунтуваа.

15Додека Јас ги поткрепував и им да­вав сила, тие коваа зло против Мене.

169,6; Ер 42,18; Пс 78,57Тие се свртуваа кон лажни богови; станаа како скршен лак. Заради нивната горделивост, кнезовите ќе им изгинат од меч, а Египќаните ќе им се смеат.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help