Еремија 5 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (66 книги)(MK2006)

Има ли чесни и верни луѓе?

1 7,28; Мих 7,2; Пс 14,2; Мт 23,23; Лк 18,8 Поминете по ерусалимските улици, погледајте, испитајте и побарајте по плоштадите негови, ќе најдете ли човек кој пази правда, кој ја бара вистината? – за да му простам на Ерусалим.

2Макар и да велат: жив Господ! Но тие лажно се колнат.

3Ез 3,8О, Господи, Твоите очи нели се свр­тени кон вистината? Ти ги удираш, а тие не чувствуваат болка; Ти ги истребуваш, а тие не сакаат да се вразумат; ги направиле лицата свои поцврсти од камен – не сакаат да се обратат.

45,21; 9,23Па си реков: – тоа се, можеби, сиромаси; тие се глупави, зашто не го знаат патот Господов, законот на својот Бог.

5Мих 3,1Ќе одам кај големците и ним ќе им зборувам, зашто тие го знаат патот Господов, законот на својот Бог. Но и тие сите го скршија јаремот, ги раскинаа веригите.

62,15; Ез 22,27; Ос 13,7Поради тоа лав од шумата ќе ги погуби, пустински волк ќе ги истреби, леопард ќе ги демне крај градовите нив­ни: кој ќе излезе од нив ќе биде раскинат; зашто се намножија престапите нивни, се засилија отстапувањата нив­ни.

Казна од непријателите

7 1,16; 2,10; 2 Мојс 23,13; 5 Мојс 32,17; 1 Цар 19,18; Гал 4,8 Како да ти го простам тоа? Твоите синови Ме оставија и се колнат во оние, што не се богови. Јас ги наситував, а тие вршеа прељуба и навалуваа во ку­ќите на блудниците.

813,27; Ез 22,11; 23,20Тие се како угоени коњи: секој од нив 'ржи по жената на ближниот свој.

95,29Зар да не казнам поради тоа – вели Господ; а душата Моја нема ли да од­мазди на таков народ, како овој?

1039,8Качувајте се на ѕидиштата негови и урнувајте ги, но не до крај; уништете ги нивните лозници, зашто тие не се Гос­подови;

11зашто домот Израелов и домот Ју­дин постапија спрема Мене многу веро­ломно, вели Господ;

12Ис 28,15тие излагаа против Господ и рекоа: „Не, зло нема да нѐ снајде, и ние нема да видиме ни меч, ни глад.“

13И пророците се ветар, и слово Гос­подово нема во нив, врз нив самите нека се збидне тоа.

14Ис 10,17; Откр 11,5Поради тоа вака вели Господ, Бог Саваот: затоа што говорите такви збо­рови, ете, Јас ќе ги направам Моите зборови во устата твоја оган, а овој народ – дрва, и овој оган ќе ги проголта.

156,22; 5 Мојс 28,49; Авак 1,6Ете, ќе доведам против вас, доме Израелов, народ оддалеку, вели Господ, народ силен, народ одамнешен, народ, чиј јазик не го знаеш, и нема да разбираш што ќе ти зборува.

16Пс 5,9Торбата за стрели му е како отво­рен гроб; сите тие се одбрани јунаци.

173 Мојс 26,16; 5 Мојс 28,33.51И ќе ја изедат жетвата твоја и лебот твој, ќе ги изедат синовите твои и ќер­ките твои, ќе ги изедат овците твои и воловите твои, ќе го изедат лозјето твое и смоквите твои; ќе ги разрушат со меч утврдените градови твои, на кои ти се надеваш.

Израел Го остави Господа

18Но и во тие дни, вели Господ, нема да ве истребам сосема.

191,16; 17,13; 1 Сам 7,3И кога ќе ве прашуваат: „Зошто нашиот Господ Бог ни го прави сево ова?“ Вие ќе им одговорите: „Бидејќи Ме оставивте и им служите на туѓи богови во своја земја, затоа ќе служите на туѓинци во туѓа земја.“

20Објавете го тоа во домот Јаковов, разгласете во Јудеја, велејќи:

215,4; 8,7; Мт 13,15; Мк 8,18чуј го ова, народе безумен и неразумен, кој имаш очи, а не гледаш, имаш уши, а не слушаш:

22Пс 104,9; Изреки 8,29од Мене ли не се плашите, вели Господ, пред Мене ли не треперите? Јас ставив песок како граница на морето, за вечна меѓа, која нема да премине; и макар што брановите негови ќе надојдат, но не ќе можат да се прелијат; макар што се упорни, но не ќе можат да го префрлат.

235,21; 6,28; 5 Мојс 31,27; Ос 11,7А овој народ има упорно и непокор­но срце; тие отстапија и заминаа.

2410,13; 5 Мојс 11,14; Јоил 2,23; Зах 10,1И не рекоа во срцето свое: да се уплашиме од нашиот Господ Бог, Кој ни дава навреме дожд, ран и доцен, ги пази за нас седмиците, одредени за жетва.

253,3; 14,1-7; Ис 59,2Вашите беззаконија го отфрлија тоа, и вашите гревови го отстранија од вас тоа добро.

26Пс 10,9; Изреки 1,11Зашто меѓу Мојот народ има злочинци: демнат како сокриени ловци на птици, се влечат по земјата, ставајќи стапици за да ловат луѓе.

27Како кафез, со птици, домовите нивни се полни со грабежи: а преку тоа тие се издигнаа и се збогатија;

285 Мојс 32,15; Пс 73,7се здебелија, злото надмина секоја мерка, не ја бранат правдата, ни правата на сираците за среќа, не се грижат за правата на сиромасите.

29Зар нема да казнам заради тоа – вели Господ; и нема ли да се одмазди душата Моја на таков народ, како овој?

3023,14; Ос 6,10Стравотии и грозотии се случуваат во таа земја:

31Мих 2,11; Јн 3,19пророците пророкуваат лага, свеш­тениците господарат преку нив – и Мо­јот народ го сака тоа. Но што ќе пра­вите на крајот?

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help