2 Самоилова 18 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (66 книги)(MK2006)

Војската на Авесалом е совладана

1 .

1915,36; 18,31Ахимаац, синот Садоков, му рече на Јоав: „Ќе трчам да му јавам на царот дека Господ преку Својот суд го спаси од рацете на непријателите негови.“

20Но Јоав му рече: „Нема да бидеш известувач на добра вест денес; друг ден ќе јавиш, а не денес, зашто царевиот син умре.“

21Јоав му рече потоа на Кушиј: „Оди, јави му на царот што си видел.“ И Кушиј му се поклони на Јоав и отрча.

22Но Ахимаац, Садоковиот син, настојуваше и му велеше на Јоав: „Што и да биде, и јас ќе трчам по Кушиј“, а Јоав му одговори: „Што ти треба да трчаш, синко? Добра вест нема да однесеш.“

23Ахимаац рече: „Така нека биде, но јас ќе отрчам.“ Тогаш Јоав му рече: „Трчај.“ И Ахимаац потрча по напре­чен пат и го престигна Кушиј.

2419,9; 2 Цар 9,17-20Во тоа време Давид седеше меѓу двете порти. И стражарот излезе под вратната стреа откај ѕидот, ги крена очите и виде, еден човек трча.

25И стражарот извика и му соопшти на царот. А царот рече: „Ако е сам, вест носи во устата своја.“ А оној сѐ повеќе и повеќе се приближуваше.

26Стражарот виде друг човек дека трча; и стражарот му викна на врата­рот: „Ете, уште еден човек тр­ча.“ Ца­рот рече: „И тој е известувач.“

271 Цар 1,42Стражарот рече: „Го гледам оде­њето на првиот, тоа прилега на одењето на Ахимаац, Садоковиот син.“ А царот рече: „Тој е добар чо­век и доаѓа со добра вест.“

28Ахимаац извика и му рече на царот: „Мир!“ И му се поклони на царот со лицето до земја и рече: „Благословен Господ, Бог твој, Кој ги предаде луѓето што беа кренале рака против мојот господар, царот!“

291 Мојс 43,27-28; 1 Сам 4,14; 14,16А царот праша: „Здраво ли е момчето Авесалом?“ Ахимаац одго­вори: „Видов голема мешаница, кога царскиот служител Јоав го испраќа­ше својот слуга; но не знам што ста­нуваше таму.“

30Царот рече: „Помести се и застани тука.“ И тој се помести и застана.

3118,19; Суд 5,31Ете, пристигна и Кушиј по него. И Кушиј му рече на царот: „Добра вест за господарот мој, царот! Господ ти напра­ви денес правда, спасувајќи те од раката на сите што беа станале против тебе.“

321 Сам 25,26А царот го праша Кушиј: „Здраво ли е момчето Авесалом?“ Кушиј одго­вори: „Да даде Бог со непријателите на мојот господар, царот, и со сите зломисленици против тебе да се случи истото што го снајде момчето!“

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help