1Пак одговори Јов и рече:
2„Само вие ли сте луѓе, и со вас ли ќе исчезне мудроста!?
313,2И јас знам да мислам како вас; и во ништо не сум подолен од вас; и кој не го знае истото тоа?
4За потсмев станав јас на пријателот свој, јас што Го повикував Бога, и Кој ми одговараше, – за потсмев е – праведниот и непорочниот човек.
5Презир заслужува несреќниот – такви се мислите на среќните, еве што се спрема за оние, чии нозе се сопнуваат.
621,7Спокојни се шаторите на крадците и безопасни на оние што Го гневат Бога, ним Бог им дава сѐ.
738,39–39,30; Мт 6,26Но, прашај го добитокот, и ќе те научи; запрашај ја небеската птица, и ќе ти објасни.
8Разговарај со Земјата и таа ќе те поучи, прашај ги рибите морски и тие ќе ти кажат.
9Кое од сите созданија не знае дека раката на Господ го создаде тоа?
1034,14; 4 Мојс 16,22; 27,16; Дан 5,23Во Неговата рака е душата на сѐ што е живо и духот на секоја човечка плот.
1134,3Нели увото ги разбира зборовите, и нели јазикот го распознава вкусот на храната?
128,8; 32,7Кај старците има мудрост, а кај долговечните – разум.
13Ис 11,2; Изреки 8,14Но во Него има мудрост и сила, Негови се решението и разумот.
14Пс 127,1; Ис 22,22Она што Тој ќе разурне, нема да се изгради: кого Тој ќе затвори, нема да се ослободи.
15Откр 3,7Да ги запре водите, и сѐ ќе се исуши; да ги пушти, и земјата ќе ја разрушат.
161 Цар 22,23Во Него е силата и сета мудрост, пред Него е оној што е заблуден, и оној што воведува во заблуда.
17Тој ги приведува советниците во необмисленост и ги прави судиите безумни.
18Дан 2,21Тој ги лишува царевите од власт и го врзува со јаже крстот нивни;
1934,19.20на кнезовите им го одзема достоинството и силните ги кутнува;
20им го одзема јазикот на говорниците и ги лишува од разум старците;
21Пс 107,40ги покрива со срам славните и ја ослабнува силата на моќните:
22ја открива темнината во длабините и ја вади на видело смртната сенка;
23Дела 17,26ги издигнува народите и ги истребува; ги распрснува и ги собира;
24Пс 107,40им го одзема умот на кнезовите земни и ги остава да лутаат во беспатна пустина:
25со пипање одат тие по темнина, без светило скитаат како пијани.“
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.