1 9,8; 5 Мојс 1,17; Мих 3,1 Чујте го ова свештеници, и внимавај ти, доме Израелов, и приклони го увото, доме царев, зашто вам ќе ви се суди, зашто бевте замка во Мицпа и оптегната мрежа во Тавор.
2Ис 24,2Длабока јама ископаа престапниците, но Јас ќе ги казнам сите нив.
34,17; 6,10Ефрем Јас го познавам, но и Израел не е сокриен од мене; зашто и ти блудствуваш, Ефреме, а ти, Израеле, се оскверна.
41,2; 4,12; 7,10; Ер 13,23; Изреки 27,22Делата нивни не ги оставаат да се обратат кон својот Бог, зашто блудството нивно е внатре во нив, па затоа и Господа не Го познаваат.
57,10; 14,2; Амос 6,8И гордоста на Израел сведочи против нив; затоа и Израел и Ефрем паднаа поради беззаконијата свои; а ќе падне и Јуда со нив.
6Ис 55,6; Ер 6,20; Амос 5,4; 8,11-12; Изреки 1,28; Јн 7,34; 8,21Со овци и со волови ќе тргнат да Го бараат Господа и нема да Го најдат; Тој се оттргнал од нив.
72,6Тие Го изневерија Господа, зашто изродија туѓи деца; затоа сега и тие и нивните имоти ќе бидат уништени.
84,15; Ер 4,5; Јоил 2,1Затрубете со рог во Гива, со труба во Рама, и викајте во Бет-Авен: „Во бој, Венијамине!“
9Во денот на казнувањето Ефрем ќе стане пустина; Јас го изјавувам тоа меѓу колената Израелови.
105 Мојс 19,14; 27,17Водачите на Јуда станаа како оние што преместуваат меѓи; ќе го излеам врз нив гневот Мој како вода.
115 Мојс 28,33Ете, Ефрем е угнетен, кај него правдата се гази, зашто посака да оди по суетни работи.
12Ис 50,9; Јов 4,19Јас ќе бидам како молец за домот на Ефрем и како црв за домот на Јуда.
137,11; 8,9; 10,6; 12,2; 14,4; 2 Цар 15,19; 16,7-9Кога ја согледа Ефрем болеста своја и Јуда раната своја, тргна Ефрем кон Ашур и се обрати до големиот цар за помош; но тој не ќе може да ве излекува, и нема да ви ја исцели раната ваша.
142,12; 13,7; 1 Мојс 49,9; Ис 5,29; Амос 3,12Зашто Јас сум како лав за Ефрем и како лавче за домот на Јуда; Јас, Јас ќе раскинам и ќе си заминам; ќе однесам и никој нема да ги спаси.
155,6; 5 Мојс 4,29-31; Ис 18,4; Ер 29,13; Амос 5,4; Пс 78,34Ќе тргнам и ќе се вратам во Своето место, додека тие не признаат дека се виновни, и не го побараат лицето Мое. Можеби во својата мака ќе Ме побараат.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.