Захарија 2 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (66 книги)(MK2006)

Второ видение: животински рогови

1Ги подигнав очите, а тоа, ете, четири рога.

25 Мојс 33,17; Дан 7,8И му реков на ангелот, кој зборуваше со мене: „Што е ова?“ А тој ми одговори: „Тоа се роговите што ги рас­прснаа Јуда, Израел и Ерусалим.“

3Потоа Господ ми покажа четири ковачи.

4Ер 48,25Пак реков: „Што ќе прават овие?“ А тој ми рече: „Оние рогови се што го распрснаа Јуда, така што никој од нив не може да си ја подигне главата; и, ете, тие дојдоа да ги уплашат, да им ги скршат роговите на народите, кои подигаат рог против земјата на Јуда за да ја распрснат.“

Трето видение: мерно јаже

5 Ер 31,38-39; Ез 41,13 И пак ги подигнав очите и видов: и, ете, еден маж, кој во раката имаше мерно јаже.

6Откр 11,1; 21,15Го прашав: „Каде одиш?“ Тој ми рече: „Одам да го измерам Ерусалим, за да видам колкава му е ширината и колкава му е должината.“

7Тогаш ангелот, што зборуваше со мене, истапи напред, а друг ангел му дојде во пресрет,

8Ис 49,19-20; 54,2-3; Ер 31,27; Ез 36,37-38и тој му рече на оној: „Побрзај и кажи му на оној млад човек: ‚Ерусалим ќе се насели како село без ѕидини поради многуте луѓе и добиток во него.

9Ис 60,19; Откр 21,23; 22,3И Јас ќе му бидам огнен ѕид, околу него, вели Господ, и слава во него.‘“

Повик на покрет

10 Ис 48,20; 52,11; Ер 50,8; 51,6; Откр 18,4 „Еј, еј! Бегајте од северната земја, вели Господ, зашто Јас ве растргнав по сите четири ветра небески“, вели Гос­под.

11Ис 52,2Спасувај се Сионе, ти што живееш кај ќерката Вавилонска.

125 Мојс 32,10; Пс 17,8; Изреки 7,2Зашто така вели Господ Седржите­лот, Кој ме прати за слава кај народите, што ве пљачкосуваа: „Зашто кој чепка во вас, чепка во зеницата на окото Мое.

13Ис 14,2; Ер 50,10; Ез 33,33; Соф 2,9И, ете, Јас ќе ја кренам раката Сво­ја против нив, и тие ќе станат плен на робовите свои.“ Тогаш ќе познаете дека Господ Саваот ме пратил.

148,3; Ис 12,6; Соф 3,14„Ликувај и весели се, ќерко Сионо­ва, зашто ете, Јас ќе дојдам и ќе живеам во тебе“, вели Господ.

15Ис 45,22; Пс 102,22И ќе се приберат многу народи кај Господ во оној ден и ќе станат Негов народ. И Тој ќе се насели кај тебе, и тогаш ќе разбереш дека Господ Саваот ме пратил кај тебе.

161,17Тогаш Господ ќе ја завладее Јудеја, Својот дел на светата земја, и пак ќе го избере Ерусалим.

17Авак 2,20; Соф 1,7; Пс 76,8Нека замолкнат сите луѓе пред лицето на Господ, зашто Тој стана од Своето свето живеалиште.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help