Ефесјаните 4 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (66 книги)(MK2006)

Единството на телото

1 3,1; Кол 1,10 Браќа, јас, затвореник во Господ, ве молам да се однесувате достојно според звањето, за кое сте повикани,

2Гал 6,2; Кол 3,12-13со сета понизност и кротост, со долготрпеливост, поднесувајќи се еден со друг со љубов,

31,10; 2,13-16; Фил 1,27; Кол 1,20трудејќи се да го запазите единството на Духот преку врските на мирот.

45 Мојс 6,4-5; Мт 23,8-10; 1 Кор 12,4-6

Рим 12,3-6; 1 Кор 10,17; Кол 1,5Едно тело сте и еден Дух, како што сте и повикани кон една надеж на ваше­то звање.

51 Кор 1,13; 8,6Еден Господ, една вера и едно крш­тение,

6еден е Бог и Отец на сите, Кој е над сѐ, и преку сите, и во сите нас.

7Рим 12,3.6; 1 Кор 12,11А на секого од нас благодатта му е дадена според мерката на дарот Хрис­тов.

8Пс 68,19; Кол 2,15Затоа е и речено: „Издигајќи се на височина, плени плен и им даде дарови на луѓето.“

9Пс 68,19; Јн 3,13А што означува „издигајќи се“, ако не тоа дека Тој слезе пред тоа во најдолните места на земјата.

10Слегнатиот е истиот, Кој се издигна повисоко од сите небеса, за да исполни сѐ.

111 Кор 12,4-11.28И Тој постави едни за апостоли, други за пророци, трети за благовести­тели, четврти за пастири и учители,

122,21за усовршување на светиите во де­лото на служењето, за изградување на Христовото тело,

13Кол 1,28додека сите не го достигнеме единството на верата и познанието на Синот Божји, до состојба на совршен човек, до мера на возраста на Христовата полнота,

14Рим 16,19; 1 Кор 3,1-3; 14,20; Евр 5,11-14; 13,9та да не бидеме веќе мали деца што ги лула и занесува секој ветар на лаж­ните учења, преку човечките заблуди, во лукавството на измама кон заблуда.

151,22; Кол 1,18Туку со љубов држејќи се за вистината во секој поглед да растеме во Оној, Кој е глава, Христос.

16Кол 2,19Со Него целото тело е составено и склопено и сврзано преку сите дарувани врски, при дејството на секој дел, поради силите негови, нараснува за да се изградува во љубов.

Новиот живот во Христос

17 Рим 1,18-32 Ова, пак, го зборувам и сведочам во Господ; да не живеете повеќе како што живеат и другите незнабошци, по суетата на својот ум;

182,12; Мк 3,5помрачени во разумот, отуѓени од Божјиот живот поради нивното незна­ење и тврдокорноста на нивното срце;

19дојдени до бесчувство, тие се пре­да­доа на разврат и ненаситно вршат се­каква нечистота.

20Но вие не Го познавте така Хрис­тос,

21ако навистина сте чуле за Него и во Него сте биле поучувани – дека вистината е во Исус,

22Кол 3,5.9-10тогаш отфрлете го од себе стариот човек според вашето поранешно жи­ве­ење, кој се распаѓа во измамливите желби,

23Рим 12,2за да се обновите со духот на својот ум

24Кол 3,10и да се облечете во новиот човек, создаден според Бога во вистинска пра­ведност и светост.

25Зах 8,16; Рим 12,5; 1 Кор 12,12; Кол 3,8-9Поради тоа, откако ја отфливте лагата, кажувајте си ја вистината секој на својот ближен, бидејќи сме делови еден на друг.

26Пс 4,5; Мт 5,22; Јк 1,19-20Гневете се, но не грешете: сонцето да не зајде над гневот ваш;

27и не давајте му место на ѓаволот.

281 Кор 4,12; 1 Сол 4,11Крадецот да не краде веќе, туку не­ка се труди и подобро е да се труди со своите сопствени раце да го прави она што е добро, за да има што да му даде на оној што има потреба.

295,4; Мт 15,11; Кол 3,8.16; 4,6; Јк 3,10-12Никаков гнасен збор да не излегува од устата ваша, туку само добар, за надградување каде што треба, за да им даде благодат на оние што слушаат.

301,13-14; Ис 63,10И не оскрбувајте Го Светиот Дух Божји со Кој сте запечатени за денот на откупувањето.

31Кол 3,8Отстранете ја подалеку од вас секоја огорченост, јарост, гнев, викање и хулење заедно со секоја друга злоба.

32Мт 6,14; 18,22-35; Кол 3,12-13Бидете еден спрема друг добри и милосрдни, проштавајќи си еден на друг, како што и Бог ви прости во Христос.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help